Pravi obroci majka. Na 6 meseci bi trebalo da ima dorucek a na 7 da ima i rucek i da ima vkluceno meso i mlecni produkti, zitarki.
На 6 треба веќе еден оброк. Не онака да му даваш повремено, туку да си јаде дури и 2 оброци на 7 месеци. Башка активно бебе веќе троши повеќе енергија не го заситува млекцето.
Нејќе да цица бебево мое нејќе ни да спие, шо убав ред си имавме фатено ништо од тоа, денски се бориме за да дремни главечки ко да влегуваме во 6ти скок @Lady Miami како е близнакот?
Едно можеби и глупаво прашање во врска со пелените. Користиме pampers premium, претходно користевме active. Во врска со бројките, се водите според килажата на бебе? Моето има 8,5кг, користиме бр4, и се од 9-13кг, а веќе едвај на крајот му се лепенките кога му ставам пелена. Не знам кога е во најправилно да се премине на поголема бројка, оти знам дека може и да прокиснува, а вака веќе и го зарежуваат пелените од страните
Леле не знам дали имам некој ред. Таман 2 дена ритам, 3ти ден се менува. Таман фативме ред за две дремки и почна скоков. Вчера 3 пати спиеше, од кои првите два по два часа со по два часа ww . Мислев нема да спие вечерта, ама заспа со будење 4 пати. Таман ставивме ред 2 пати будење ноќе тој почна прерано да станува. Во 8, најкасно 8ипол си легнува, пред 6 е буден. Нема врска кога легнал. Весел, едвај чека да стане. За цицање нема некој ред. Има денови кога пред и после секој оброк цица. Има денови само сабајле и навечер сака. Да не го урочам за дремкиве е кома. Се изморува мнг. Почна да се влече по цел стан и се исправа да стои и се троши ептен. Кога му се приспива сака во раце и гушкање. Некогаш заспива со цицање, некогаш така со нушкање, некогаш сам во кревтче. Нема некое правило. Не форсирам ред, само следам. Вака ке биде додека да тргнам на работа .
Јас не се водев по килажата, туку како му "лежат". На 8ипол кг веќе користев 5ка за да му се покомотни и што викаш да можеш нормално да ги залепиш од страна. Сега користам 5ка за преку ден од Babylove, како да се поголеми од памперс, посебно делот кај лепенката, убаво се местат. За навечер користам Памперс актив 6ка. Според должина на пелена мнг ми се слични со 5ката на Babylove ама моето некако знае мнг да мрда навечер и да му претече урината од помала пелена. Затоа ставам 6ка.
За спиење спие и овој само дури го заспијам е маката Исто вчера заспа во 7ипол вечерта сабајле во 5 стана расположен А сака да јади нејќи да цица, затоа се мислев дали и вечера да дадам, на 7 воведов ручек сега е таман за вечера си велам, само за заспивање цица а вака како за оброк нејки... Е машала чим лази овој нејки, се врти само се тркала долу а да се исправи или лази тешко, не го интересира. И то малку ќе поигра и сака да го кренам да седи.. Можи и нема да лази шо знам ...
Јас до сега по килажа се водам и му одговараат, памперс премиум користам и јас. 9300 е му користам 4ка. Мислам дека е до градбата на детето.
Може. Има деца сакаат одма да се исправаат на стоење, а до тогаш седење. Не пролазуваат. И моево не лази ко што треба, ги влече нозете, ко ранет Јас вечера веќе скоро 3 недели давам, не знам дали е до скок, ама исто правеше. За вечера не сака да цица, а сака да јаде. И откако воведов вечера, се стабилизира со ноќни будења. И ручек мнг порано воведов, детето си бараше јадење. Цицање веќе му е за ужинка, за жед и за смирување. Ама ти викам, доста е активен, и троши мнг повеќе од претходно. Нервозен е кога е ненајаден.
Здраво, кога вашите бебиња почна да кажуваат слогови како бабаба или мамама? Ние сме 8 ипол месеци докторката уште од 5ти месец рече сега ќе почне да го прави тоа, време му е но еве сеуште ништо само прави звуци со затворена уста и писка понекогаш прави и балончиња со устата и толку.
Кога да воведам ужина, втората дремка е од 15:00 до 17:00 пие млеко 150/180 мл пред дремката, вечерата и е во 19:00/19:30 и во 20:30 пак млеко пред спиење, периодот до вечерата пробувам нешто да и дадам за ужинка не сака, или сака но многу малку, пробувам млеко и ќе испие 100мл а овошје не сака, многу простор има од 15:00 до 19:00 или пак да почекам со ужинка овошје да продолжам засега со млеко 9/5 месеци е.
Ко ранет рече Да ко ќе му дојди времето самиот ќе се пушти дали ќе лази или ќе оди ќе видиме Моево во секој скок заебава со цицање и спиење, така и сега едвај се намоливме и нервозен е исто гладен е нормално..
Рано е на 5 месеци за тоа да вика. Син ми некна наполни 9 и од пред некој ден вика- адада, нанана, тата. Баш бабаба и мамама нема кажано. А за брмчење, балончиња и пискање одамна праве.
Мајки, има ли бебиња нејадачи овде? 7+++ сме, кога јаде солидно, кога не сака уста да отвори. Не можам да приметам дали нешто повеќе или помалку му се допаѓа, зошто се случува од истата комбинација еднаш да изеде 120-130 грама, друг пат за 40 гр. да се молиме. Инаку, 90% домашно јаде. Купечки давам проверени по состав и колку да се навикне на нив, да може надвор од дома да ги јаде. Со вкусови почнавме на 5 ипол месеци, од пред недела време има и ручек. Ама навечер премногу ми станува, пак почна двапати да пие млеко. Пр. вчера пред легнување испи 200 мл. што е реткост (обично се заситува со макс. 170 мл.) и си помислив, добро е, ќе врзе повеќе сон. Не, си стана по само 4,5 часа и испи пак 200 мл., 5,5 часа од тоа пак пиеше млеко. Мислам дека ѝ се нервира кога го седнувам во хранилката. Ентузијастичен е првите неколку лажички, после му е сеедно. Поинтересни му е да се врти и да разгледува, да бара играчки, отколку да јаде. Не бара млеко откако ќе јаде, без разлика колку изел. Си бара друг оброк/млеко откако ќе поминат 2/3 часа.
После долги непреспиени хаотични ноќи, последната недела и нејадење... ТРОПНА првото запче Уште пред 3,4 дена го видов дека е готово и денес веќе избило. Се појавува полека и тоа до него... Си се надевам дека се ова што доживуваме е од нив и дека ќе ми се врати старото бебе што ја спиеше цела ноќ... Овие две, три ноќи посебно страшно беше, дали вкупно сме спиени 2чво ноќ. На секое се будеше, плачеше, се потеше... Ноќва и дадов Блокмакс и чај во 12ипол и спиеше после долго време до 6. Дали дека избило запчето, дали од Блокмаксот се смири. Ќе видиме вечер што ноќ ќе имаме и дали ќе се подсмири.. @senza.parole запче да не го мачи и твоето...