Иста е мојава. Дал од вакцините, дал нови заби незнам, ама ќе полудам. Од бебе што спиеше по 12 саати, сега се буди со плачење ауууу… Еве ја со нас на спална е, барем полесно ми е одма да ја земам и смирам.
Исто сме... мојава утре прави 8м. Ама изби едно запче, а другото е и тоа на пат. Само мојава добри 3м е хаос со спиењето. Као прво беше до вечерата и дадов вечера и се смири и спиеше неколку дена подобро (на 3,4ч ама така ќе станеше, цицнеше и брзо ќе заспиеше). Сега пак е страшно, на пола саат, 40мин вришти, вика, мава со нозе, раце, се поти... еве заспа во 10, а веќе стана 2 пати со вриштење. Првиот пат едвај ја заспавме. Прво јас се мачев, па маж ми. Дај Блокмакс и види ако се смири, може мачи некое запче и кај вас. Јас сум скроз изместена со спиењево, дури не ми се ни спие од што се навикнав. Мислам да фати да спие цела ноќ, долго време од навика јас ќе станувам на 40мин
Исто, вришти, треска со нозете, а и многу се поти, да. Тој нема спиено никогаш цела ноќ, не ни очекувам, ама барем 3-4 саата тераше, ќе се размрда, млеко во полусон и одма продолжува. Ова сосема друго. Легнавме околу 7, рано заспива, досега 4 пати се буди и кенка, а се заврте не знам колку. Му дадов Осанит, малце и чај на Бекутан со маточина може ќе се смири... Не знам, ама око не сум склопила, а веќе скоро 1. А кој Блокмакс? Овој ли? Немам давано досега, освен Далерон по вакцина.
Ние сме тука со вас неколку дена разлика..исто нема ниедно забче. Овие дена почна слабо да ми јаде а јадеше се, денес гледам и носот му течеше кога плачеше како воден безбоен секрет. Незнам веќе што да мислам, од кога мислев заби се па ништо.Скокот треба да е завршен веќе. Навечер спие ама преку ден хорор.Ни дремки ни ништо еднаш ако преспие и толку.
Како ви се облечени бебињата за дома овој период? И надвор е топло, и дома е топло, јас му облекувам боди на кратки и шпикозни/тренерки и пак е цел испотен во косето Посебно кога спие
Оваа ноќ ужас спиењето, денес 1 дремка од 20 минути. Еве сега му е време за втора, абер нема. Се бореме на спална, нејќе да спие.
Боди на долги и тренерки, ако одеме надвор плус блуза и чорапи. По дома е бос. Се поти и моето многу.
Ние сме со боди по кратки и шпикозни преку ден, навечер боди кратки и пижамчиња со чорапки жива вода е после спиење во косето и горе кај рамениците и вратот
@merriel0 како со спиењето денес? Сабајле станавме во 6 по ново аа си реков полека ќе се навикни покасно ќе заспива Дремките едвај по саат му беа, па неможеше да издржи во 6 заспа сега и ќе си тера до сабајле
10+++ e бебе и во 7ми скок. Овие 2-3 дена ми одбива каши и млеко, уста не сака да отвори а плаче за јадење. Едино во сон пие млеко без проблем. Не знам дали се заби во прашање. Има 8 заби сега за сега, рано е за 4ки?
Само да го пофалам господинов 8м..од 5ипол м секојдневно нудење вода по секој оброк и измеѓу оброци..со лажичка, клунче, чаша, силиконска со цевка, шишиња протоци 0+,3+,6+.. ни капка не сакаше. Ако му залетнеше ја плукаше Денес нудам после ручек ко и секој пат, дечково пиење 60 мл до сега до легнување 120мл Ако има некоја што се секира ко мене, без грижи ќе си пропијат кога ќе дојде време
Да не му е жешко? Моето е с'клетливо и кога ке заспие го покривам лесно, зошто и јас го топлам со доење. После 1 саат го покривам со тоа за преку коќ, зошто навечер е поладно во спална.
Боди на прерамки, боди на долги и тенки тенерчоња доле. Ако му е ладничко, дека е на под долу, на пархет со меше се влече, му о лекувам елеченце тенко. Па соблакам. Така во круг.
Моментално спие по боди по кратки со кебенце памучно. Преку ден со пантолончиња е без чорапи. А за надвор денес боди по кратки, пантолончиња и дуксерче одозгоре. Стана бебла во 5 па ја презаспав, па во 6 стана. Од вчера навака, не зарече @mariz па сме со две дремки од саат време место 3 од пола саат. Не се бунам ^^ Од 2ипол ѝ се спиеше цело попладне ама истрпи до 7 и 15. У 5ипол искочивме втор пат денес, инаку не беше можна. Сеа нана ама на саат време цице бара.
С'клетливо е, тоа да, ама повеќе од 21 не ми е во спална. Цело време е така, заедно спиеме. Сега е со боди на кратки и пижами, без чорапи спие и тенко ќебенце. Не знам, баш чудно. За млеко се размрдуваше на 3 саата обично, ама вака на 40 минути како да го мачи нешто, ќе викне, кенка и морам да го презаспијам. Во 7 заспа, во 8 така и во 10 до 9. 2 пати веќе, а до сабајле? Не сум спиела цела ноќ.
Толку е и кај мене 21 степен. Никогаш не го ставам со чорапи да спие. И зимно време бос беше. Сега е во тенки пижамчиња на Стружанка ама мислам дека и тие топлат.
Мајка за забоболка давај далерон. Блокмакс е јак. Тој е за темп над 39. Сепак е ибупрофен и е незгоден за желудникот. Далерон е парацетамол