Ааа незнам овој како ќе намали на две дремки, сега нема шанси му се спие си сака само шо не се наспива
10 месеци сме...сака да патка ... го паткаме ..цврст е вака држи тежина на нозете и сам може да виси вместо...ама ме мисли клга патка на прстина некако повеќе оди...некој слично искуство
И јас така мислев сонц, ама ете ја... Првата ја заспиваше саат ипол одкоа ќе стане. Само тоа го развлеков и ете. А искрено ни јас не верував. Еве сеа тера прва дремка. Сабајле у 3 стана саат време ја презаспивав, па у 5 стана ја презаспав, па у 6 стана и до 7 ја држев у раце да спие... Распоред му доаѓа отпр вака: станува, 2ипол часа па дремка. 3ипол часа па дремка, 4ипол часа па нанање.
Реално подобро две дремки од саат време, него три од по 30-40 мин. Три дена две дремки, две по три, па пак две, а 6-ти скок од термин утре ни почнува. Бепче немаше врзано 12 саати сон од пред 4 и кусур месеци. Стана по 5 ипол часа сон за млеко, по 5 часа пак пушти глас, се враќам со млеко, заспал. Денес ми изгледа пак дека три дремки ќе имаме, баш ќе видиме.
На колку месеци преминуваат од 3 на 2 дремки? Мојов 2 дена нешто ми протестира за една дремка. Вчера последната не ја преспа, денес првата, од 7ч откако е станат, нема заспано
Мислам дека се зависи колку им траат дремките. Мојава пред некој ден беше со еднааааа дремка од саат време цел ден. Таман да заспие, дојдоа моите и радости за нив не заспа. Еве ја сега спие веќе саат ипол. Значи ќе има уште една сигурно, за трета тешко. Ако и се пократки, спие и по три пати. Нека и се и две, ама да и се по два саати таман ќе и биде.
И далерон ќе и помогне. Подобро е за бебето. Ќе ја навикнеш на јаки лекарства, се почнува со послаби лекови секогаш за да делуваат
Нема шанси да издржи повеќе од 2саати ww моево, уште пред тие два саати да поминат почнува да трие очиња да кемка за спиење. И ај нека си тера тој три дремки првата и третата се по околу 40мин втората саат ипол два таман е наспан само проблемот е шо уште спие во количка и ако се подразбуди ке го повозам си презаспива, вчера го оставив во креветче одма се ококори едвај го презаспав како ли ќе се учиме незнам, уште малку нема да го собира во корпата... А ноќе си спие на спална до мене..
Па овој хорор не за јаки лекарства, незнам за што е. Не и давам ништо, 3м се бориме со неспиење. Ептен за да пробам дали ќе смири сум дала Блокмакс 3 пати.. Била поарна ама пак не е тоа тоа, не сврзува ни 2ч сон. Ноќеска на 15-30мин вриштеше како да се качила на планина и да вика по нас. До 4 сабајле око не склопивме, не знаев што со себе. Ја зема маж ми и ја однесе во дневна за да спијам 2ч, па после јас ја чував за он да спие 2ч...
Јас на твое место уопште не би се замарала ни да кратам дремки ни да менувам, си прави ред бебац и ич да не се замараш. 3 дремки? У количка? Нема фрка... Само нека е наспан и одморен. Ќе си скрати сам дремка коа ќе дое време.
9 е, последните неколку дена има 2 дремки. После доручек и после ручек. Претходно знаеше да дремне околу 4-4 и пол, ама сега таа ја скока. Ама, рано заспива, околу 7 и тера до сабајле, докај 6 е буден.
Сега бевме на ортопед, баш паткање е стрикно непрепорачливо. Затоа и оди на прсти и мн долго нема да има рамнотежа самостојно да се држи т.е.. Плус истегнување рачиња, може и да ги боли..така ми кажаа, прашајте го вашиот ортопед најдобро
Мојот денес е спиен цел еден сат досега. Последно убави дремки од саат ипол имаше во петокот. Оттогаш наваму како друго дете да е. А и млеко не сака да пие. Не знам колку шишиња ги истурив
Да, буквално се. Седење, ползење, исправање, одење. Ми кажа најпрактични за таа намена се оние игралните затворени. Или пак до подлогата да има на пример табуретка, кревет за нешто да фаќа да се исправа.. не знам, затоа ств најдобро совет со ортопед..еве вака практични решенија ќе ти кажат сиг.. Бидејќи со паткањето не дај боже ќе се направи проблем кај што го нема..
Ортопедите се безредие..едни едно други друго...второ ми е и првото го паткав. Под мишки рацете и нема гајле дп душа второво за блуза назад го држам и он оди
Логично Јас на сред соба му ја стаив подлогата тој само се врти се тркала и си велам ај шо не лази уште ама зошто не се исправа а на шо да се потфати