Ќере денес прва дремка два сатииии. ДВА! Незнаев што да правам со себе хахахаха После кратко спиеше, само што заспа во количка влеговме во кола и дома уште 10 мин. После уште некои 40 и толку и беше.
Е до толку не го прашав Мада тие ми изгледаат доста практични и не би требало да има некоја штета.. и јас ќе му земам Хахахаха да...ако е и на сред соба, ама ако е со оградицата ќе може на неа да се потпре некако или на некоја играчка пример проодувалка да му оставиш внатре
Да си прашам јас , зошто баш тоа размислувам сега да и зеам. Ептен е мала а тргнала се исправа на што најде... И така се сецкам, ама ја оставам и ја пазам. Си тера она гајле нема... Вака барем да не боли толку коа ќе паѓа... @flower55555 мојава се вртеше и со ролање стигаше од крај до крај. И фуфкаше да лази... Пролази, и после 3 дена стана. Еве ја ровари сегде се бута све да чачне. Со мм у шок сме буквално ништо не е заштитено за да ровари она
Бебиња/деца треба да се остават на научат како да паѓаат. Со перничето ќе имаат сигурност и нема да се вежбаат како да се сврти, потпре кога паѓа. Ќе се ,,затупи” рефлексот за паѓање.
Неее, немаш потреба од тоа. Ќе ти биде срцето во петици првите пати кога ќе паѓа ама после некое време сами знаат како да паднат. Е си бара повеќе пазење, на пр на плочки или некој остар ќош. Ние ја тргнавме клуб масата, пред тв ја ставивме, и голем стан, има каде да трча да игра. Верувај тоа нема да ти го носи, само ќе и смета. Бар што читав мајки на фб, сите кажаа џабе го земале. И нај главното, преку паѓањето си се учат како да си се пазат, па сами да стануваат и тоа им е лекција
Па да, она склетџика е машна на глава одвај и ставам вришти пишти... Баш познанинчка една ми препорача такво да и купам а јас бев скроз као, ,,Абе не планирав, викаат дека фејк безбедност е..." А вака црвец е не застанува. Затоа и се мислев...
И мојава носеше машни се до моментот кога почна да разбира и сеа сама ги трга а па таква заштита да и ставам мислам нема ни да тргне да оди ќе си седи да го влече да го истражува јас ја пуштав сама сè да си прави, седи, лази, оди, еве ја сеа трча. Јас ти кажувам мое искуство, мислам непотребно е, мора сами да учат падни стани и каде и што е безбедно.
Баш ко што кажал ортопедот. И јас мојата бебуфка така сама ја оставам све да си совлада. Еве и од застанување ја гледам веќе се учи како да падне и да чучне... фала ти на споделеното искуство.
Нема зошто, мојава е поголемка па што знаеме ќе си кажеме ние како поминавме колку направи твојата цуца? Стои веќе сама? Па така и треба, секое дете има свој тајминг нештото да го совлада, нема потреба од форсирање, ќе си научат.
Машала душиче Со првото за седење, лазење, проодување за тие моторики татко му беше задолжен, со него си играа вежбаа се убо си совлада. Сега сама сум а и помина доста време од тогаш и се одново учам секое дете е различно и се во свое време знам, јас само се преиспитувам дали се правам како шо треба, а колку можам тоа е друг муабет...
Препорака за Пролетна/летна вреќичка за спиење од каде имате и колку и е дебелината? Конкретно за овој период сега ми треба некоја, на лето не знам дали ќе користиме вреќа Уште спие во зимската, а гледам веќе почнува да се поти во неа.
Зависи од бебе до бебе. Моево некаде околу 7 месеци почна со стабилни 2 дремки. Пред тоа различно секој ден додека да смени. Откако влезе во 6ти ско два пати пак спиеше 3 дремки. Му се спиеше и го оставив по негов ритам. Сега откако спие две дремки по 1ипол до 2 часа спие на дремка и можам да кажам конечно можам да завршам нешто преку ден.
Види во Ело. Јас таму гледам да земам. Сега е само со подебели пижами и ќебенце кое 726172617 пати го трга, а јас го враќам. Вреќичка веќе две недели не ставам.
Моево изгледа го мачи тогаш нешто, најверојатно запче. До пред некој ден си имаше убави 3 дремки. Денес 4 дремки од по 15-20 минути. Катастрофа. И гревче ми е што го гледав така, ем мачно му беше а не можеше да си поспие. Едвај чекам заб да му пробие
Се мислев да не му ставам и јас вреќа ама истото како тебе би ме очекувало Ако земиш од Ело за брзо, сподели мислење
Подебели пижами е спасот. Имам и 3-4 шпихозни така дебелки. Ич да не е покриена, таман ќе и е. Јас сакав некоја летна да земам за сега. Ама ќе идам до продавницата да разгледам.
Баш Дијана скоро имаше за тие пернички за глава видео и има едно големо НЕ за нив. И јас не би користела вакво нешто, утре да падне без тоа ќе очекува нешто да го заштити и ќе се пушти без осет и тек тогаш ќе се повреди. https://www.facebook.com/share/r/12HPZdUY8Ls/
Мајки уште малку 10 месеци ќе сме. Никаков ред за дремки. Баш никаков. Колку и да пробувам не бива, а како е поголема повеќе отпор дава. И од градинка ми се жалат Не им заспива никако. Овие 3 дена како е дома само по 1 дремка прави. Преку ноќ ми се буди цело време и давам млеко неќе само цицката ја фаќа и тогаш заспива. Инаку имаме и доручек, ручек, вечера и ужина и давам пред спиење млеко околу 150 испие. Дали грешам негде или такво си е детето.