Значи ангел била на ортопед, зошо ни се слична возраст бебуши прашав што кажал за такво перниче ортопедот.
Да де, лажна сигурност. Затоа си прашувам за мислење, Додуше знаев дека не е препорачано. Ама да си прашам хаха
Од нанам имам земено јас и задоволна сум. Двослојна без полнење е, како со памучно кебенце да е покриен. Ракавите се стават и вадат. Ние ја користевме за зимскиот период, бебо спиеше во неа без ракави, околу 23 беше навечер. Моментално е 25 навечер па се покриваме со тетра, нормално и неа ја клоца.
Па веќе некое време не е толку заинтересиран за цицање. Повеќе за храна. Цицање за заспивање и смирување.
Сега ни за заспивање ни за смирување ке повлечи еднаш два пати и се трга ко да немам млеко, а ноќеска можи 6-7 пати стана и цицаше
Вечера имате? Мене некако се бргу ми дојде. Јадење, оброци, бргу после ручек и вечера ппочнавме. Моето дете за вечера одбиваше цицање, ама се будеше така по сто пати навечер. Откако има 3 оброци, се среди спиењето навечер. 2 пати се буди за цицање само. И мнг ми беше мисла да не му е наеднаш се, ама денеска бевме и на педијатар, рече нормално е веќе кога почнува да јаде дека храната повеќе ке ги интересира. Се консултирав и за подои дека тргнувам на работа. Ми рече наутро рано и навечер цицање, во тек на ден храна и имам уште 3 недели да поминеме на таков ритам. 8+ е.
Јас и порачав кога да речеме не беа 2 3 чекори, туку одеше малку без да падне, значи отприлика 2 недели после првите чекорчиња.
Исто прво почна да нејќи да цица за вечера па ајде воведов вечера сега оваа недела од како наполни 8 месеци, вчера згрешив со ноќната каша затоа бараше повеќе цицање изгледа ама и ручекот му го зголемив на 200г денеска се си изеде изгледа и тоа малку му беше ама со цицањето уште е борби... До сега на сабајле ко ќе стани цицаше после пред дремка пак да цица па ко ќе стани од спиење е доручекот, ама сабајле така гладен заспа ке повлечи два пати не му иди и бега се врти Јас па дома сум и баш сакам да цица некако наеднаш со јадењево и мене ми дојде... Тој преку ден си лежи на десна страна и само левата ја цица, ноќе му ја нудам десната ќе ми се намали скроз млекото ми е страв
Ваљда е нормално и млекце да намали. Толку колку што цица бебе толку ке има. Растат еј! Сака јадење, го интересира светот, не само мама. Ама нема да снема, ке има доволно. Денеска ужинка си ручкаше ама малку претера па после не ја изеде цела вечера. И јас уште не сум таман со мерките.
Падобранец, И ние денес првпат имавме ужинка, али сеуште вреска по мене и морам да сум до неа... Мислам дека сака заедно да го истражиме светот...
Бебе имаше проливче два дена, педијтарот ми рече да давам пробиотик и електролити, се среди тоа, сега нормално кака но два пати во столицата заприметувам како некој слуз. Некој со слично искуство?
Па нели е тоа нормално? Што даваш за ужина? јас или јогурт/кисело млеко или овошје. Немам друга идеја.
Шо знам големиот си уживаше во цицањето затоа ми е чудно сега изгледа ние сношти пак ја згрешивме вечерата не ја дојаде па пак цела ноќ цицаше