Ic ne i tecese nosot… zabce izbi od nigde nikde bez najava.. predhodno koga se ligavese i i tecea mrsuli site bea lazni trevogi
Шмукалче онака на рандом стоеше во кујна, ја носев во раце и посегна по него. Тргна да го цуца со капачка... Така си воведе ужинка... Денес со гости па не и дадов, а искрено немам идеја, се мислам мрежичка да зеам па овошје така да и давам... Инаку незнам, или уште не држи скокот или сум ја навикнала мн у раце... Господ знае.
Здраво, ние имаме дрвено креветче но бебе е скоро 9 месеци и почна да се исправа на нозе а губи рамнотежа и паѓа па ми е страв да не се повреди од креветчето а оградици перници ми е страв да му ставам во креветчето. Мислев да земам транспортно креветче конкретно ова го гледав подолу на сликата но во продавницата кога го видов со душек некако ми се воде многу ниско, внатрешниот дел кога е на најниско ниво беше со длабочина од 50цм а бебе е веќе 75цм во висина. Дали имате некој совет и доколку имате транспортно креветче бидејќи скоро сите се со иста длабочина до која возраст бевте сигурни дека бебе не може да се прекачи или да се преврти преку оградата ?
Ние планираме утре да и ставиме обетки, секако в понеделник е невидена гужва а и во градинка ќе е па затоа подобро утре .. 9+ е инаку
Барав на форумов на ова и никаде не најдов. Моето бебе девојче има слепени вагинални усни, целосно. До кај 1 година ни рекоа да чекаме, па да се консултираме со Хирург што да правиме. Двајца педијатри ја видоа до сега и со став се дека тешко само да се одлепи. Мојот матичен дури и ехо спомна, за да се види дали е се во ред нагоре. Дали некој има искуство со ова или можеби познава некој што поминал низ вакво нешто? Рекоа дека баш е ретко... но не е страшно ако е само доле залепено. Јас сум загрижена...
Од сабајле ме зафркаваше со спиењето па доручекот му беше дури во 12, сега во 3ипол ручаше сега спие.. Па околу 6ипол да му дадам вечера нема да му е многу или таман е?
Синко не знае сам да си се заигра. Игра само ако сум до него и го гледам. Ако станам, одма фрла се и пишти. Само моето е вакво? И дали и ова е сепарациска анксиозност?
Не е само твоето мојава год и 4 месеци е па не игра сама, ретко многу ќе видиш после што е, кога ќе те влече, па мама мама кога ќе те вика, мислиш олеснува како поголеми аха, уште повеќе со мама
Ние сме две и пол . Два пати ја носиме не вратија од златара зашто не и биле убаво оформени им е страв да не погодат друго. Видете убаво кај ке ја носите. Немојте било каде.
Леле лепенка хахаха Јас досега го немам земено мојот на спална Мхх мх, значи да не се жалам, рано ми е Блазе тебе. И јас го чекам тој ден
И они си бараат друштво некогаш е напорно, бараат мн внимание ама се поинтересни како што растат. Мојава па маза, гушкало е ептен, од љубов ме кубе кога да и давам да јаде, како да ми се заблагодарува, обавезно ме гушка како што растат брзо, богами да искористиме да поиграме со нив, после нема да нè бараат толку
@mariz те таг тебе... кажи која големина да порачам пролетно есенска вреќичка за бебе од година...со ногавици и ракави што се вадат таа ја бендисав...6 до 18 таман ли ке е да ја носи пролет есен..? Во мај ќе прави годинка и долгичок иде
Ај Ќе ти ја измерам за кратко. Морам вака да ти вратам да не те заборавам Лајкни го ова само. Цица бебе, па неможам да станам одма..
@prinstongirl2 должината внатре е 75цм. Јас мојава не сум ја ставила одамна, она е 75 долга. Е ова не ја рачуна главата, само тело значи 75цм должина. Spoiler: Слики Инаку и во Тила ги видов вреќите во живо, убави се