Истите симптоми, поназад имав и пишано дека има слуз во изметот. Педијатаро вели нормално од дијареата. Носето преполно со секрет, температура до 38.2.. Давам пробиотик и витамини, се надевам за брзо ќе помини. Фала на советот
@flower55555 моето почна со кратки дремки по 40 минути (а спиеше по 2 часа) и по 5 часа седи буден. Легнува во 9, во 7 очите ококорени. Како сте вие?
Дојдов да се пофалам само. После 7 месеци заспивање и нишкање во раце, синко една недела заспива сам, КОНЕЧНО.
Мајки, ми треба совет/мислење. Ад имам до крај на месец, тоа од дм. Не знам дали и кога ќе донесат. Претходно 4 месеци пиеше Бебелан. Дали пак да се вратам на Бебелан, сега 2, или да почнам со кравјо? На 25 ќе праве 10 месеци. Има ли некоја што дала кравјо пред година или не се препорачува?
Јас лично кравјо не би давала во големи количини, особено пак не пред навршување година. Знам дека го воведуваат мајки, дека дечињата им јадат кравјо во градинка, ама и да е така, дома пак не би давала кравјо. Не знам моето колку е правилно. Воопшто нема ниту една бројка од ДМ да ја носат одреден период? Ќе ти речев да почнеш со 3-ка, таа е за од 10 месеци.
Генерацијо како го поминувате 6ти скок? Бебе 8++ скоро, таман опраивме преку ден да дремнува по 3 пати - пола саат, саат, пак отиде све у пм.. Денски еве неколку дена по ред ми спие по рекордни 15-20 мин еднаш или два пати Пробано и шетање во количка, возење во кола..џабе. Навечер еве со недели тераме од 20 до 7 без будење, ама преку ден е многу кенкав и нервозен Дали од скокот, дали дека не спие..плус сите 3 оброка почна да ги јаде по 200г одеднаш, а со цицање не намалува Имаме 3 оброка и 6-7 подои..Не се жалам, ама дека е поголем и мора постојано да е анимиран за да издржи денски без плачки
Исто уште, прва дремка 40тина минути , втората саат ипол третата ако е минута помалку од саат е неподнослив. Буден два саати точно седи ни минута повеќе ни помалку. Околу 7-8 навечер заспива до кај 6-7 на сабајле. Мене вака ми е топ, ама знам дека кај и да е ќе смени
Исто. Душа немам. Одвај чекам да заспие навечер и се комирам со неа до кај 12 а после тоа на 15 минути се буди за цице. Преку ден дремките само до неа јас да сум. Ваљда завршен е скоков м? @flower55555 само 2 дена бевме на 2 убави дремки, сега 3 дремки во раце по пола саат-саат...
Ај сега не ми го кршете филмов Еднаш и јас да се пофалам, тој до 6 месеци само по 15-20 минути спиеше А инаку @angel4444 и моево како шо пишав акo не е наспан убаво по мин 40 минути минимум, исто е многу досаден само плачи и се прозева е тогаш само во дубак седи требало не требало јас го оставам инаку кај ке ми е крајот уште него ако го немав..
Мислам до крај на месецов трае ако сме блиску..27.07 сме ние Среќа засега ноќе не станува.. Ахахах јас издржувам мушки си викам до сеа не земав, сеа па ич..нека се врти нека се бутка на под, тоа е што е 500 играчки, капачиња, тањирчиња, влажни, пелени и тв песнички, биби боби..па си седи по 40 мин така на меше без проблем..ама има периоди кога ќе затера со кенкање..
Значи нашиве и на @Lady Miami на исти ден се родени тројцата батковци И јас немаше да земам да не останев сама туку лази се исправа твоето или уште ништо? Мојава мрза ништо од тоа, се врти се тркала само, ќе го викнам да дојди до мене ќе се врти и не му текнува да се крени туку само крева рачиња и плачи да го земам
Не се препорачува, јас воведов само да проба, зашто во градинка им ставаат кравјо во кашите, инаку си пие формула навечер. Земи си адаптирано. Мојов после Бејбилав одма Хип прифати, веќе 7 мес си го пие.
Ееј не знаев Мојов е таква мрза не ни седи самостојно уште скроз сам 10 секунди седи после си се навалува и си легнува..се ротира 360 со брзина на светлината, оди наназад се бута исто брзо, се крева на 4 и се клацка мисли се движи пресмешен е, не му текнува нанапред да тргне Мада и не го форсирам, он и касно на 6м ми се сврте од грб на меше и мислам и со се друго ќе си касни Инаку откако се сврте на 6м така, еве 2ипол м не е легнат на грб освен кога спие. Штом го ставам на грб нема ни секунда он е на стомак..не можам да го облечам и пелена да сменам, се бориме буквално
Некоја мајка да ми каже дали може во Веро, Тафталиџе да се најде телешко месо секој ден? Ви благодарам