Моето на 9 месеци само ааа и еее, на 10 почна и татата, нанана, мамама, кака.. Редовно носена на контрола и на систематски никој не ми рекол да ја носам некаде за тоа. Сепак ако ви е мисла однесете го. Поздрав
Колку мл далерон на 10 месечно бебе, 11 кг? Според упатството е 3.3мл, ама јас 3мл дадов после рота на 2 месеци. Да не е малку 3.3 сега? Нема температура, ама го мачат забите, прв пат вака да плаче.
Здраво мајки, бебе е без малце 7 месеци, денес забележав на непцето горе како бело,прво помислив дека е запче ама после сфатив дека не е, туку ми личи како афта, не го боли кога го допрев затоа не сум сигурна што е. Дали некој има искуство со вакво нешто што може да е ? Инаку се става во уста дека почнаа запчињата да излегуваат па можеби од тоа е нешто.
https://www.google.com/search?clien...NEhNlLXN2X3RWNmppakIweGlmaGhNMAEYByD0oLHRCDAB Види дали ти личи на ова. Пред некое време една мајка имаше пишано дека се појавило ова кај детенцето.
Дента кога на бебла и пукна непцето и ѝ тропна запчето она глодаше буквално што све најде, се раскрвари, а после и искочи така ко бела афта но и го снема во рок од 12ч. Уште трае кај вас?
Ја стега одма устата, не успевам да сликнам, ако успеам ке прикачам. Денес сабајле прв пат го видов, сега како да е малце повлечено, ќе видиме до кога ке биде.
Имаше син ми како бела линија на непцето, исто помислив заб тогаш ама утре дента веќе немаше ништо. Не го болеше и него на допир. Претпоставувам дека се имаше удрено од некоја играчка.
Од најобична отворена чашка пробај да го учиш, чашата треба да биде до врв наполнета со вода и како водата ќе му го допре устето, него автоматски му доаѓа да ја отвори и пробува да голтне.
Полека пробувај, би требало да научи така. Мене препоракава ми е од тука кај што живеам, не сум во Мк и моето од 9 месеци успешно пие вода од отврена чашка. Ниту клунче, ни шише со цуцла, ниту нешто слично не сум нудела. Се надевам ќе успеете.