Долго време цик-цак, три па две па четири па две. Денес 3 по 20 минути, преуморна беше. Таман кажав последната ќе ја отспие повеќе, едно куче се заџафка надвор... Беба се разбуди, кучето прекина да џафка Одвај дочека да ѝ дојде време за спиење. Утре сме со мм заедно дома ќе ја држиме за две дремки се надевам. Многу е поубав распоредот со две дремки. Со три... Хаос Вие?
Како и секогаш - ужас. Откако е роден не спие денски..една дремка макс 20 мин, пола саат. Ако ми се посреќи 2 такви уште не сум искочила од соба, он станат свеж спремен да игра мада завчера ме изненади саат време отспа надвор во количка не знаев што со себе, а дома му мерев да не има температура Од раѓање му е вакво спиењето денски бидејќи навечер секогаш спие одлично. 2 месеца мислам веќе воопшто се нема разбудено ноќе да цица, врзува од 8 до 7/7.30/8 насабајле скоро 12 часа. Овие 2 дена дали скок дали заби, ама денски е неподнослив од кенкање и плачки..само во раце, не сака ни шетање ни возење во кола..ништо. Денес прв пат ми се случи оброк да не сака воопшто да јаде ( ручекот, доручек вечера изеде се ). Ама гледам 36 недела е со громчиња и тажни смајли такада му опростувам и си го гњавам иако се лошнува уште повеќе, а отпосле ми се смее
Спие три пати по саат време, строго сам да е в спална во количка, исто ако шушни тропни нешто толку е два саати му е прозор на будност повеќе не издржува. Сега мислев е регресијата да намали на две дремки ама тешко изгледа.. @angel4444 пробај и ти во количка дома можи ќе спие повеќе, ко магија да има во неа од раѓање денските дремки ги спие таму на кревет нема шанси.. а шо пак има некој скок? Пак течи носот овие два дена, влечам со аспиратор прозирни бели како лиги а заб нигде нема
6ти скок еден од пострашните За заби не ми кажувај..еве 9 месеци за 2 дена сто пати се премислив за колачињата какви да му бидат, а од заби абер нема
E не заврши тој скок веќе? Како и секогаш кога ќе пишам овде после нешто се менува, денес е со две дремки од по саат ипол и еве веќе му се спие, дека ќе стани пак тешко ќе си продолжи до сабајле најверојатно па вечерата ќе ја пропуштиме
Кога завршува фазата со лазење и станување во креветчето ноќта, 10/5 месеци, седнува, па лази, па се исправа, па пак седнува и шлака раце, си збори, се смее, и ова претходната ноќ траеше добри три часа. Знам дека новите вештини си ги преживуваат преку ноќ но од бебе што спиеше можам да кажам супер сега е бебе што лази и стои кога е време за спиење
Mene mi bese koga ke stane posle saat vreme dorucek, pred prva dremka spienje...posle koga ke se razbudese koga ke ogladnese rucek pa pak pred spienje cicanje ako saka i vecer vecera pa pak pred spienje cicanje
@gwenst Мислам тебе те читав, дали знаеш каде има заштита за ушиња за бањање? Крофнево мое порасна па почнавме да ја бањаме во туш кабина па сакам да и ги заштитам ушињата...гледав и на Тему ама има 2 3 вида, се мислам какви да земам, хелп
Леле мори мајко во туш кабина Сигурно ви е забавно Јас овие ги знам, ги има во Локо Кроко, а стриктно само за на ушиња не знам дали можеш кај нас да најдиш негде
Пиленце, плачеше првите 2 пати, од памет се извади кога виде како тече вода од тушот, и трет пат супер, и се бендисаа плочките од мама и тато што ги одбрале и сеа ужива Е на вакво мислев, како капче, не стриктно само за ушиња, само не знаев каде има фала златна а на Тему гледав едни и вака кај главчето заштита ама и кај ушиња, само на гломазни ми изгледаат, мислам ќе се уплаши кога би и ги ставила, па тоа закопчувања, па чуда Еве ги Ќе си нарачам јас како ти што ми прати, чиста работа
Душа мила, којзнае што си има помислено Ете сега мама уште ова да и го купи и да си немате ич гајле Да си уживкате во капењето
Некако шашаво. Некогаш саат, до саат ипол, некогаш 40 мин, ама две дневно. Па ако малку спиел преку ден, навечер беснее и заспива со плачки. Мајка ми го чува дека тргнав на раб, па може и затоа заспива порано, и оброците малку ги саботира, јаде по пола. А и оставив кутија Хип, пие 100 мл пред да заспие. Не знам. Кај нас се насобраа промени. Забите горни ептен го мачат, јас не сум дома, се е различно. Ама ке се навикнат на нова шема. Се мислам да не го дојам наутро за да си го изеде цел доручек, па пред прва дремка да му даде мајка ми млеко. Инаку 1/3 јаде пред дремка, па после дојадува и веќе се се пореметува... Како функционирате вие?
Да не грешам, ама мислам дека @mariz правеше, ги пофалија за превкусни и убави. Или друга членка беше?
Голема промена му е, ние така кај мајка ми бевме па две недели не јадеше и не спиеше како шо треба а и јас бев со него, таман се навикна се вративме Ќе се навикни за брзо и твоето Инаку ние готово со све дремки сме по саат ипол/два