Среќа па што е брзо прилагодлива, сега како голема женска таму ќе се бања Фала мајка, па за брзо и вие ќе нè стигнете
Бебе има 8 месеци и некако не можам да и фатам ред со дремки и јадења. Може ли да ми пратите кое време давате млеко/јадење, а кога спијат на оваа возраст? Моментално изгледа скратува дремки па некои денови има две некои денови три, уште не и е стабилизирано
Тежок е периодов коа кратат од 3 на 2 дремки. Ние од 7ипол почнавме цикцак, па еве 2 месеци подоцна некако почнува да се регулира...
Истото сакав да прашам и јас, оти и мојот 2 дена едната дремка ми ја крати. 7ипол месеци е. Вчера последната не ја преспа, денес таа на пладне ја прескокна и заспан е од 5ипол сега и уште еве спие Не знам дали ова му значи дека ќе преминува на 2 дремки..
Менуваат цело време, затоа колку мајки ми кажале, џабе ред до годинка... Секој ден нешто ново е на распоред.
Нас ни кажа Тони, откако ќе почне сама стабилно да седи, без портпирање и помош. На секое бебе различно.
49та недела на кај 50та пишува почеток на 8ми скок... Влегуваме со налутено пискање (не плачење) ако нешто не е по нејзино или ако ја оставам сама да сработам нешто, ќе си игра и кога ќе види дека е сама почнува да писка и да ме бара,се случува еднаш до два пати во денот.. Нормално е?
А јас се грижам бидеќи утре полни 7 месеци глава само може да крене за седнување и многу касно почна да ја крева (од средина на 5ти месец почна), но се врти од еден крај на соба до друг. Додека цица пробува преку мене да се сврти како да мора баш во тој момент(легнати еден до друг скоро секогаш така цица). Неможам да му сменам пелена веќе тргнува лево, десно одма. Едноставно мислам дека секое бебе по свое си ги учи работите.
Секое сменување пелена ни е борба Секое бебе различно да. Јас кога зборев со педијатар дека не се врти, ми рече за 6 месечно бебе (тогаш толку имаше) е супер, дури повеќе од тоа што треба. Ама пак, мајка, ќе си го тупиш умот цело време
Година и 2 недели се бебињата и од прослашата сабота кашлаат . Немаат тт се лигават апетит од пред два три дена нула .... значи само вода пијат нон стоп а млеко кога они сакаат тогаш. Јадење во уста неќат да стават ама апсолутно ништо. Палентата која им беше омилена не ја ки чепкаат. Има ли некој скок во развој заби ли се во прашање стварно незнам. Ме загрижува Нивното одбивање на храна.