Мајки, на доење сме ама уште 3 кеси ми се останати од замрзнатото. Сакам да земам ад на хип, е сега бидејќи сме 6 месеци да земам 2ка? За да имам кога ќе ја оставам од коа ќе ми се потрошат кесичките. Можам да се измолзам ама не секогаш, некогаш имам за претек, некогаш грам не остава од што цица на еден саат
Макки ве молам дали некоја има искустбо со бубрежна инфекција кај бебе од ешерихија коли. На ехонсе гледа прошорен пиелон. Дали застојот се гледа на ехо?? Ви благодарам
Син ми во последно време си ги гледа дланките. Пред околу 2 недели почна ова, а 10 ипол е скоро. Нели оваа фаза беше некаде првите месеци? Не знам што му стана, дали е нормално? Обично кога му менам пелена знае да се загледа и пред спиење.
И моето правеше исто, а дали вашите околу овој период цело време пробуваат пинцета фат? Премногу сум загрижена затоа што и изгледаат прстите како вкочанети. Инаку има показен гест со прст, реди коцки, топчиња, јаде сама со двете раце..
Ама ова постојано и во мирување ги мрда прстите затоа ме загрижи и некои движења што ги прави, ќе ја носам на педијатар на година на контрола за 10тина дена и ќе прашам ама до тогаш.. Ти благодарам на брзиот одговор
За нивна возраст мислам тие движења се нормални, ја истражуваат околината и сопственото тело. Нашите се тука некаде ние правиме за недела 1 годинка.
Како приготвувате домат за бебињата, кои комбинации со домат ги правите? Моето девојче порасна, многу сака да игра на музика, се движи секаде низ дома, пробува да се пушти чекор да даде од масата до гарнитурата, за месец и нешто годинка ќе полни, не знам кога помина времето.
Јас последно го исецкав на ситно, го запржив, ставив малце несолена изварка и жолчка.. Со средичка и макав се изеде
Не би да те плашам, секое бепче е индивидуално, ама кај нас најлошо досега. Среќа помина, сега се стресирам од 7-ми. Апетит скоро никаков за ништо, цврста храна речиси престана да јаде, ма да во самиот скок четири нови запчиња му излегоа. Спиење никакво навечер, стануваше со кенкање буквално на секој час, преморена бев, жива ненаспана. Преку ден огромни прозорци на будност, цел скок имаше само две дремки. Ама премногу е љубопитен како бепче, милион работи нови направи веднаш штом заврши.
Ние мислам со 6ти скок најдобро поминавме, само кратки беа дремките преку ден, ама па навечер баш спиеше со само 1 станување ретко 2. Во 6 скок го навикнав да спие легнат до мене на кревет без да го држам во рака, пред тоа само на мене спиеше и ако го преместев се будеше хорор. Ама затоа па 7 сега многу потежок некако. се буди ноќе и така си седи, сака да лази да се исправа