И мене скрос ми намали млекото, месец уназад ноќе воопшто немав, сега и преку дена осетив намалено, стиснав ништо не течеше а и градите многу ми спласнаа последно и суви памперси, скрос се насекирав да не го дехидрирам и така не пие вода. Еве сме во фаза на одбивање пие адаптирано и пак бара да цица за утеха и заспивање. Се надевам брзо ќе се одвикне, многу е жално
Јас го исплакав млекото малку ми беше жал како да му кратам од нешто. Ама гледам дека пак сме си врзани, си се гушкаме. И моите се како јајце на око сплескани. Малку ми е жал кога ке го ставам навечер се превозбудува дека ке цица. Ама сега е среќен и кога ке го види млекцето во шишетоАма добро е што прифати дохрана. Битно е да е најаден.
Што ад даваш? Мојава на доење е, не прифаќа ад… а немам баш многу залиха да оставам кога ќе излезам.. хип не сака, плаче со тресење, мислиш ја колам…
Мајки на бебиња 9+, колку вкупно ви спијат навечер? Колку често се будат? Колку вкупно сон имаат денски? Преминаа конечно на две дремки?
11тина саати од прилика спие навечер. Зависи од вечерата, ама обично два пати се буди за цицање. Денски вкупно 3 ипол саати, првата дремка 2саати, втора саат ипол. Веќе е со две дремки да.
Почнавме со вкусови, не сакаше, па паузирав, сега сака. Ад не сака, хип не го сака, некое друго да пробам ама кое?
Има на холе козјо адаптирано, за деца што се на доење беше мислам. И го давав на мојата, не го пиеше, ама барем во јадење ми го прифати.
Мене за пиење ми треба, кога ќе излезам да ја оставам да и дадат… не знам какво да дадам, ја иставив и 4 саати да видам не бе не сака урла… и пак на цице завршуваме… спремна е гладна да седи, само да не пие ад. @gwenst ќе пробам, се надевам ќе сака.
Ние сме на трицеф од вчера бевме неделата систина немаше ништо на слушалки уши супер грло супер ни рече да направиме PCR респираторен панел, кс, црп правевме вчера кс со црп 60 покажа бактерија на респираторниот испадна адено вирус, метапневмо вирус и стрептококус пневмонија. Ни дадоа антибиотик и еве ноќеска спиевме без тт конечно и денес немавме тт. Утре чекам брисеви од грло и нос да видам и тоа ние со тт се мачиме од викендот после велигден како зомби сум де имаме де немаме после пак ..
Ние само една ноќ и еден ден бевме со тт. Исто на слушалки добро беше, уши, грло и крвна слика добра беше, рекоа најверојатно од заби затоа е нервизно и плаче и не спие. Во понеделник сум на контрола кај друг педијатар. Исто и јас од Февруари наваму немаме мир секоја недела сме по болници. Еве сега рекоа од алергија на млечен протеин било па ќе видиме. Слабо и е железо, хемоглобин а пиеме капки и сируп за имунитет и ништо не се подобрува. Се мислам да го носиме до систина да видам таму што ќе кажат. Кај кој педијатр во систина го носеше и ако не е тајна колку кошташе целото тоа испитување.
На 9 месеци навечер веќе спиеше 9ипол часа, од 9 до 6ипол. Преку ден една дремка скоро два часа, другата час и 15 минути. Вкупно сон 12ипол часа. Сам скрати ноќно спиење некаде околу 8 месеци мислам. Не сум сигурна. И од почеток спие минимум часови. Од 9 до 12 месеци мислам дека беше од 12 -16 часа сон.
Големи се веќе не прифаќаат туку така флашичка. Пробај прво ти да и дадеш со галење со убаво. Инаку од нигде некаде флаша со млеко кога видеше, фацата зачудена "што ми буташ ова у уста?!"
Ама нема проблем со шише да пие, ад не сака. Кога ќе дадам мое во шише одма пие. Она и со ад одма прима шише, кога ќе осети ад, одма плука плаче, зајдува.