Мојава во градинка седи уште од 8 месеци си нема гајле. Од 8 до 14 часот, ама кога одам да ја земам уште кога ме види почне да плаче не можам да ја облечам, а ако ја земе некој друг се смее кажува чао на воспитувачките абе друго дете е. Е сега дека ми се разболе не ја пуштав месец и нешто ќе видиме како ќе тргнеме пак.
Мојов е 9+++ и спие навечер речиси 9 часа ама немирно спие. Знае да заплаче околу 5 часот, тогаш го зимам на спална и си продолжува. Парчиња јаде одамна и многу сум среќна за тоа. Него дај му само да јаде и бубачка е. Па сега се научил да не му даваме ние, сам сака да јаде Ручек почнав да му давам од нашето ама готвам без зачини и запршка, вадам за него и додадам после зачини. Трета недела сум на работа и добро поминуваат со мајка ми ама кога ќе отидам дома прво ми е лут, не сака да дојде кај мене, па после уста не затвара мама, та мама. Многу е смешен кујната и дневната ни се поделени со хармоника и ако не ме гледа вика по мене, само да се појавам, да ме види и си продолжува со што и да правел. Си плаче некогаш кога го пресоблекуваме ама почнав само за пелена да го легнувам, а за другото седнат, ако сме пред огледало многу полесно поминува. Се нервирам што е трупче за некои работи, чао, дај го учам 2 месеци да направи и никако не сака. Здраво прави, браво и тапшин ама ова другово никако.
За менување пелена не ми се збори, ми се плачееее. И мојава сака да бутка количка. Пред некој ден, се тегне се тегне, си викам што и е сега, она се тегнеше кон количката на снајка и ја буткаше беблана внатре. Нека поминуваат скокови, зошто ќе скокнам јас од тераса кај и да е хахах
Од што може да му се зацрвенети обравчињата? Вчера вечерта му се зацрвенија, мислев дека е од што му се спие. Утрово пак исто црвенки
Сонце или блага егзема, пробај со сос крема од бекутан дали ќе му се смири, нас само на биодерма млекото за тело ни помогна за црвенилото на образите
Од сонце не е, баш вчера не го извадив надвор оти премногу дуваше. Се надевам не е егзема, ама ќе ставам кремче. Фала ти
И моја беба е со црвени образи, често едниот повеќе од другиот. Најчесто налик и е сува кожата па и ставам мелем.
Мами, бебе 10 и пол месеци, ноќеска за прв пат се будеше на секој час-час и пол со вриштење и не се смируваше никако. Преку ден беше весел, цел ден супер, си јадеше, си спиеше дневни дремки се ок, што му стана еве не знам... Што мислите, се испаничив...
Ние сме тука некаде со возраст. Таман се смири некој ден после 7 скок и заби, сега е пак нервозен. Горните гледам ќе пробијат, пак така на саат, два кенка во сон.
Да, одма и се хидрира обравчето. Београдски мелем побарај во Вивалек аптеките, 330 денари е. Спас за све ми е... Едит: Јави се прашај може треба да набават, најчесто само во магацин имаат.
Од забите е да, ама пак е сува кожата. И вријат обравчињата на мојата па се суши кожата, секако мора да се хидрира.
Бебе има 6 месеци, и сеуште е со сплескана глава позади. Седи на стомаче, ја држиме во раце, но пак и е сплескана. Дали некоја имала ваков проблем, како може да се врати во нормала?
Чаре за да му ја ублажам болката од запчињата? И температура 38 има, цел ден кенка, се мачи, тажно е.
Таа е. Составот не и е нешто уау, Али помага. (На мм егзема му повлече) На нет пишува Pčelinji vosak, vazelin, kakao buter, propolis, med, ulja badema i semenki grožđa, што звучи баш убаво, ама INCI пише овака: