Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    24.268
    Пол:
    Женски
    Добро, само кај нас ли скоковиве се сѐ поизразени?
    Хаос е, значи.
    На голема врата напаѓа 7-ми.
     
  2. Sredstvo

    Sredstvo Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Храна давам секаква, јадач е и ништо не одбива. Јади парчиња храна, залаци, сака сама да јади па и ставам ситни парчиња на хранилка таа сама да си зема, каши многу ретко.. Пример вчера на гости си изеде 3 кифлиња, а сокови не сака воопшто па и не форсирам, чајче и вода само.
     
  3. Moonlight mini

    Moonlight mini Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2024
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Osanit granuli na kolku meseci ste davale?
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    1.715
    Пол:
    Женски
    Синко мој може да се заигра со се и секој, дури не ме види мене.
    Одма зинува за да го земам.
    Го седнувам на подлога за да играме, тој се врти на кај мене, за враце да го земам.
    Ова вака е една недела.
    Период е што ќе помине или си ја зедов бељата? :drunk:
     
  5. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    3.869
    Пол:
    Женски
    Od koga pocnaa zabi. Okolu 5 meseci po 2 zrnca mu davav, najmnogu 12 dnevno smees. Jas nikogas ne sum davala tolku.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    3.869
    Пол:
    Женски
    Не знам кај си, ама не се форсира седнување во Мк. Ниту еден ортопед не препорачува потпирање на рбет со перници. Се форсира подлога и самото да развива моторика.
    Може мајките сакаат да убрзаат некои процеси па така прават.
     
    На LEA24, senza.parole и merriel0 им се допаѓа ова.
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    24.268
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека е така.
    Чисто спомнав дека имам прочитано мислења како доктор се чуди дека бебе од 6-7 месеци не седи стабилно.
    И бидејќи кај нас се седнуваат од 4 месеци во спортскиот дел на количката, во смисла побрзо да совладаат седење.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.597
    Допаѓања:
    14.316
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам, од 6 веќе може да се седнува на 90 степени. И еве ние сме 6 и пол, не смеам да ја седнам никаде додека не седи сама? Или?
     
  9. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.271
    Допаѓања:
    9.229
    Пол:
    Женски
    Мене ортопед ми кажа да го потпирам со перници кога бевме на контролата на 6 месеци. Син ми седеше на подлога од 7 ипол, ама беше опколен со перници оти ретко знаеше и да се занесе и падне.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.271
    Допаѓања:
    9.229
    Пол:
    Женски
    И од подлога и од лулашка и од количка, од секаде можно се врте да го земам во раце. Ќе кажат така си го научила. Да, сакав да си го држам во раце и не се каам. И уште се држеме. :)
     
    На sani99 и gwenst им се допаѓа ова.
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    24.268
    Пол:
    Женски
    Тоа зборувам, дека имам чувство дека секаде се зборува и советува различно.
    Ќе се редактирам, да дадам личен пример.
    Излегувам со пријателка на ручек, децата ни се три недели разлика, нејзината стабилно седи од пред да наполни 5 месеци, ама никогаш не била на подлога.
    Мене она ми се чудеше дека не го “наседнувам” синко.
    Ми викаше, нашите ортопеди во Мк секогаш викаат да се наседнува слободно, ти многу чекаш.
    Ѝ викам, ама мене и ортопед и физијатар ми викаат никако да не се наседнува, сакам да им верувам и да ги слушам.
    Син ми седна стабилно, лази, се исправа, нејзиното не прави ништо од ова.
    Вчера ми вика, стварно многу згрешив изгледа што ја седнував.
    Да не бидам сфатена погрешно, ова само од пример го кажувам.
    Секој нека прави како мисли и нека слуша кој смета дека е стручен.
    Е сегаа, и јас прашав тука, што ако плаче во корпата, а не седи стабилно, ми кажаа дека се форсира, дури не дојде до тој момент, да сфатиш дека е неизводливо да го возиш легнат скроз, па нормално нема да се возиш со бебе кое нон-стоп плаче легнато.
     
    Последна измена: 24 мај 2025
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.271
    Допаѓања:
    9.229
    Пол:
    Женски
    Кога би требало да почнат да прават чао и тапши?
    Моето утре полни 11, ништо. Го учам тапши, правам јас, па земам со неговите рачиња, тој само ме гледа и се смее. Сам не пробува...
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.597
    Допаѓања:
    14.316
    Пол:
    Женски
    Јас не ја седнував воопшто до 6 месеци, од 6 ја седнувам на 90. Претходно ортопед ни кажа дека може да биде потпрена на 45 степени на 4 месеци, 60 на 5, ама тоа не е седење, баш се полу легнати. Ти од колку го седнуваш?
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    24.268
    Пол:
    Женски
    Ич воопшто не го седнував, се возеше во корпа до 7,5 месеци, ама еден ден ме пукна на шетање, многу плачеше и си реков доста е, го вадам спортскиот дел. Ќе го седнев во количка и порано, ама не шетавме тој период многу, нас зима не фати кога бевме 6 месеци и ептен студови, си викав нека се топли таму во корпа дури издржува.
    Во хранилка седеше на 45 од 6 месеци. Некогаш и 60, ама кратко 5-10 минути во денот.
    Иначе, вака дома, воопшто не ни пробувавме.
    Пролази на 7,5 месеци, на 8,5 седна сам стабилно наеднаш, и тоа баш стабилно, дали го пазевме една недела да не се зашанта наназад, и толку беше.
    Седна од лазечка позиција, и истиот ден почна да се исправа.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.448
    Пол:
    Женски
    Мојата дома е цело време на подлога, 90% од времето дури е будна е доле на земја. Се врти од грб на меше, обратно уште не знае ама вежбаме и тоа, исправа глава од лежечка позиција, се влече со телото по подлога… сите milestones за возраста си ги прави. Околу седењето и шетањето, од кога наполни 4 месеци ја шетам во количка на 45 степени (ако заспие ја спуштам на 20тина, така ми се подесува количката). Јас не гледам ништо лошо во тоа да ја возам на 45, корпата веќе и е мала, многу долго бебе е, плус надвор е жешко, она сака да разгледува. Мене 45 степени ми е идеално за 4 месеци, така ме советуваше и педијатар и ортопед. Не дека нешто форсирам, ја гледам нејзе дека и е попријатно кога е во оваа позиција, многу порасположена е. Еве пред некој ден и ја монтирав хранилката, седеше во неа на 45, жива радост беше.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.886
    Пол:
    Женски
    Рано е, кога направи мојава 1год почна као да ме гледа и дали еднаш направи чао. Месец два после тоа, сама си правеше правилно чао, сега и браво прави, и да пукне, и бакнеж праќа итн. Не му ја мисли, за брзо ќе почне да те разбира и сè ќе прави :)
     
    На Lady Miami и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  17. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.886
    Пол:
    Женски
    Освен во количка, дома не ја седнував. Чекав сама да си научи и така и бидна, од лежење почна сама да седи. Тоа со перниците не го практикував, плус и доктор ми кажа дека нема потреба од тоа, и реално логично ми се виде. Се сама си совлада, од седење стана, па се држеше за предмети и си прооде. Без разлика што во количка беше под 90°.
     
  18. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    3.869
    Пол:
    Женски
    @senza.parole @Feniksgirl
    Јас и моите пријтелки ги носиме бебињата кај различни ортопеди ама препорките биле исти. Вежбички правевме согласно како напредува бебе. Сам се исправаше да седне и седна на 5ипол. Перници позади ставав дека не беше уште стабилен. Па ако падне, да не е на тврдо. Инаку ако беше така на 4 месеци ке седеше со перници потпрен.
    И сега последно кога бевме на 8ипол месеци рече да не инистираме на вертикализација туку на лазење. Зошто тој почна да се исправа покрај гарнитура, комода. Значи да не прескокнува активности за да ојача добро.
     
    На senza.parole и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  19. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    3.869
    Пол:
    Женски
    Еднаш или два пати на 7 месеци направи тапши тапши, па на 9 му стана јасно што е што :) и почна да прави.
    Читав баш вчера дека е од бебе до бебе. Или вербално повеќе ке се развива или моторика. Како му одг. Ни моето не прави чао. Ама кога ке научи тогаш.
     
    На WhiteCat33, Abc baby и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.597
    Допаѓања:
    14.316
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секое дете е индивидуално затоа деца не се споредуваат, еве пример од мене:
    Јас се скапав вежбајќи ја и не станавме од подлога цело време, мојата абер немаше да се сврти на меше, не сакаше и не сакаша, за на крај сама еден ден да си се сврти кога прекинав да вежбам со нејзе. Денес не сака воопшто на подлога да е, не сака ни да лежи, сака само да седи цело време плаче ако ја легнеш, а ја седнеш она е најсреќна на свет, си игра посегнува по играчки, пее. Додека на другака која со нејзиното сме 4 месеци разлика ниту еднаш не седна со него нит па вежби му правеше, сам се сврте на 4 месеци, а е седнат цело време, на 45, на 60 па на 90. Лази од 7 месеци детето, станува од 9 и еве има 11 месеци детеро прооде, 300 на саат е и не застанува. Така да мислам дека највеќе има врска дека секое дете е различно и совладува се само кога му доаѓа. Јас лично не сум лазела, одма сум проодела, така да, секое дете приказна за себе.
     
    На nikja, LEA24, merriel0 и 6 други им се допаѓа ова.