Кога ја прими вакцината на 6 месеци, докторката која ги прегледува пред вакцина ми рече на 9 месеци имаш систематски преглед и ја однесов ја прегледаја исто како пред вакцина, крвна слика, тежина, должина, обем на глава и советодавен разговор со педијатарот. Тоа е кај нас не знам како е во Скопје.
Хгб беше порано под долна граница, не многу, а сега е малку над горна. Останато е ок, а и јас сакам да знам како му е.
Не ми кажале ни мене, јас сакам чисто да знам дали има океј железо, да не фали нешто да зголемам со храна. На тоа мислев, па затоа прашав дали има потреба или да не ја малтретирам.
И мене не ми е јасно зошто така практикуваат и општо со другите намирници, по три дена, ако би имало реакција одма би се појавила.
Зошто постои можност за пролонгирана реакција... Има дечиња што имаат реакција после трет пат конзумирање белка на пример...
Навистина не знам како оди тоа, нас докторката што е кај вакцините (за Прилеп ова) ни кажа на 9 дека има систематски и ние бевме и ја прегледа детално и разговаравме околу храна, однесување и т.н. Баш и во нивниот картон запишуваат.. Не знам како е во другите градови, можеби некој што знае ќе кажи.
Убаво си кажала, нема потреба детето да се малтретира толку со боцкање, кога нема причина. Јас веќе ни при мала настинка не им правам КС, нема реална потреба.
Од таа давав. Мојава сите каши со вода ги јадеше, зошто ја доев и др млеко не користев. Ако сакаш прави со млеко, пробај и така.