Јас пред некој ден пробав, бебето е 9 месеци ама не ми успеа, ќе почекам уште малце. Првата ќерка само од ова шише научи вода да пие, ама не ми текнува колкава беше, мислам дека 9-10 имаше сигурно. Повлечи од цевчето прво ти, за да има водичка внатре, малку тешко е за влечење од прва дур да се научат.
Година ќе прави ја 1 недела. Кравјо му даваат во каши во градинка, од 9 мес оди. Дома почнав чоколино, гриз и бисквити да му правам со кравјо пред 1 недела.
Бебе е 6++ и цело време ја нишка главата лево десно, како нѐ да прави со глава. Дали ви се има случено?
Да, моето така правеше и се испаничив, после ја заприметив дека пред да вади заб така прави и се фаќаше за уше. Нормално е без грижа.
Ние дека сега сме само со парчиња, во стаклен сад мал за храна, пример вчера носев вафли со боровинка и банана, овошје, моцарела исечкана на парчиња...пред тоа имав носено прчиња лебче со абц
И јас сакам кравјо да почнам вака со нешто или да пие после година, оваа матичната никако млеко. Да сме го отфрлиле.
Леле и мојот се кубе, денес приметив. Знам дека се фаќа за ушето, ама дали го промаши хаха, па се искуба за коса 3 пати.
Да, ладно цедено е тоа ама мислев на кој бренд од екстра вирџин и имаше нешто да го провериш дали е стварно чисто во фрижидер ли се ставаше
Мами, синко за една недела е 11 месеци некаде накај 16 часот се расплака и со ништо не можевме да го смириме и надвор го шетавме, малку се смири и пак почна, ептен неутешно плачење. Се слушнав со матичниот ми рече да му дадам пола доза ефералган, откако му дадов брзо се смири и заспа. Пред тоа му мерев температура, нормална му беше. Што би можело да е, не ми личи дека нешто стомаче го мачи, јадеше нормално за ручек. Има 7 запчиња, до сега ниту едно не му сетив... За ушиња не се тегне, а се лигави ептен премногу. Плачат ли вака од заби, стварно не знам што му е... прв пат вака плаче, па јас малку испаничена...
Уши да не се? Гибни го после околу уше дали ќе се расплачи и однеси го утре нека го прегледаат. И јас се паничам така, моево еве трет ден по слабо јади, мрсули му течат и вчера наеднаш ми омалакса преспа па се расположи ама не бев рает и еве го вечерва крена температура утре од сабајле обавезно го носам на преглед. Дури да научат да кажат шо им е ќе се паничиме вака,а тоа тек онаму за две години
Абе пореметување. Сега се плашам кога ќе се разбуди да не продолжи, ни матичен работи, не знам шо да му правам, како да го утешам.
Дежурен нема? Еве го ова спие и уште му е 37,8 саат време веќе, не е за сируп и јас незнам шо да правам..