Што користите за заштита од комарци кај бебе? Реков ќе го прошетам од кај 7 откако залади, ама комарци не нападнаа
Од ова прскаш покрај количката и супер штити, со саати трае. Пази и на попуст ти го најдов во Зегин праќај маж ти и строго со слика, да не утне како со кремата за сончање А ако веќе го касне нешто, земи си вакво.
Тој од Uriage се мачка ако има убод ? супер и за акцијата, веднаш зимам и јас само дали да мачкам на раце и нозе или , малава е 11 месеци ама се фаќа секаде и рацете во уста ги става за разлика од првото
Да се пожалам јас. Син ми е 11 месеци, си спиеше навечер како што треба со едно станување за млеко и одма презаспиваше. Од 7 скок секое заспивање хорор. Одвај го заспивав за дремка ај тоа ама еве неколку вечери со ред се буди во 1/2 ноќта и тргнува да лази, седнува, се исправа. И буден е по два часа. На сабајле пак во 6/7 станува. Дека заедно спиеме на спална неможам да го додржам. Регресија ли е ова? Што ли е? Ќе смени или вака ќе остани? Скокот заврши ама ова се полошо и полошо.
Ај јас да улетам во муабетов како покрај количката шприцаш, од страна на ткаенината или? Ова претставувам не е за на бебешка кожа така? Кое е за на кожа, дајте предлог?
Од кога да почнам со вечера? Ручек си јаде, зеленчук и два пати неделно месо. 8++ е и дајте идеи за вечера, освен ова што и давам за доручек житарици со овошје и јогурт, немам идеја што плус би и дала за вечера
Го пишува како безбеден и природен спреј за на кожа, смее да се става, ама јас избегнувам зошто малку е јакичок. На нешто цитрусно мириса и за комарци и разни бубачиња јак е. Инаку го растресувам малку спрејот и од позади количка застанувам и од далеку шприцам за да се распрсне насекаде и трае баш долго.
Како рол он стикче е, лесно се нанесува. Природен е и овој и јас поради тоа го земав. И да лижне немај гајле, затоа такви природни ги правеле за децава и да ги пробаат мојава е година ипол па уште е со раце во уста и се живо лиже гризе и од ова ќе ставаш ако веќе е касната, а за превентива да не ја касаат, тоа од Мустикер што го постирав. Еве какво е, како топче, лесно за употреба.
Вечера јаде од полни 7. Палента со урда Макарони со урда Кифличка со јогурт Инстант гриз на ДМ и ноќни инстант млечни каши на Хип, се прават за минута
Фала ти. Кажи ми макарони како ги сервираш, и од кои и си ги јаде цели парчиња? Исто и кифла така цела ја даваш? Моево уште на пасирана е 8++ сме, не знам како да и ги давам овие работи
Од Белина земав едни. Ги варам и потоа во сецко. Не јаде и мојот уште парчиња, повеќе е пасирано. Во чинија и мешам со урда. Кифла на мали парчиња во чинија со јогурт.
А кажи ми гризот со млеко го правиш? Јас дека ја дојам, не знам како би го приготвила, со вода се прави?