11 и пол е. Пред 2 дена почна да кенка, да плаче без причина. Го мачат забите, знам, ама не е таа нервоза. Еве, додека заспие се вртеше, се подигаше, му доаѓа дремка и заспива, а сега плаче како 5 секунди и прекинува. Синоќа плачеше во сон и се разбуди. Кенка, се врте, место не го фаќа. Скокот го дава 55 недела, ама според Гуднајт од 50 е лошо расположение и раздразливо бебе. Мојот во вторник полни 50.
Мали сте ептен за било какво млеко според мене. Мојата е цицач страствен ама храна ич несакаше се дур не почнав палачинлиња, кајгана, парчиња, па сама да јаде, слично како што почнала и Биби. Пробај нема што да изгубиш.
Бебиња со 4,5 дремки, како ви е или ви бил распоредот со последната дремка пред ноќното спиење. Ние мака мачиме со последната. Не иде ни со неа ни без неа. Некогаш убаво се поклопува 2, 2 и пол саати пред спиењето ама некогаш знае и повеќе да ја отспие или ич да не ја отспие да ја прескокне и се после се пореметува понатаму. Денес прави 5 месеци. Гледав и на Dr. Goodnight пишува за оваа возраст 4,5 дремки, на mamina spavalica 4. Дали е време да скратиме една и да има поголем прозорец на будност од 1,5-2 часа на 2-2,5 часа?
Скрати. Ако не ја преспива секогаш последната или ако му е премногу кратка, време е да намали една. Мојот така премина од 3 на 2
Скрати на 4 дремки. Мојава е 5 месеци, ама од 4 кога наполни некако сама си ги намести од 5 на 4 дремки. Ние сме со овој распоред: прва дремка околу 8:45-9, втора дремка околу 11:15-11:30, трета дремка околу 14:00-14:30, четврта и последна околу 16:45-17:00. Пред ноќно спиење ми е будна околу 2 часа. Вкупно преку ден спие од 3-3ипол саати.
Кај мене се е од око. За полесно да ми се изблендира, прво изрендав тиквичка, морков, кромид, компир, брокула. Во нутри сомелив овесни, едно јајце, исцедив тоа ренданото и малце маслиново. Се во нутри и на нелеплива тава пржев. Како американски палачинки дојдоа. Ги најдов рецептиве кај Бубало во делот појадоци и си правев според тоа што сум и вовела за јадење.
Да, ќе мора. Проблемот е што без таа дремка не издржува до легнување а на АД сме и со тоа заспива с се фаќа да јаде на пример 21:00,21:30 и ако не преспие околу 20:00 е кома во раце исправена ни заспива.
Вие порано заспивате што е добро. Бебе заспива и јаде воедно околу 21:00,21:30. Ништо, ќе зголемам прозорец на будност и ќе се искомбинираме некако…
Исто беше и кај нас на 4-5 месеци. Не ја преспиваше секогаш последната и му беше и него тешко. Полека зголеми прозор на будност и заиграј ја некако. Како ќе наголемува ќе биде полесно, ќе бидат и дремките подолги.
Дали правите спанаќ на пареа? Неколку пати така ѝ направив со другите зеленчуци ама мајка ми мѝ спомна, она кога правела за нив спанаќ, нешто прво во млеко го динстала зошто бил јак бла бла не знам што и се замислив дали е во ред за бебе на пареа?
Тоа е маката ќе игра до некое време и после саат и пол почнуваме да се тегнеме. Одвај издржува до 2 саати а сега треба и да зголемам хаха Ама што се мора, се мора ќе издржиме
На пареа во готвачот на Авент го правам. Со него ставам и морковче, кромид. Посебно варам ориз и се спојувам и јаде. Со млеко првпат слушам дека некој динста спанаќ.