Секое бебе е различно. Имало денови каде само млеко и било опција. Имало кога со 6-7 лажички трубачи ќе викав од среќа хахаха Знаела да изеде и цел оброк. И сега е таква. Колку сака толку. Млеко нешто несака, ама гледам млечни производи да и внесам во текот на денот. Вода си пие убаво.
Јас давам доручек одма штом стане, син ми ич не чека одма е гладен, вкупно 4 пати пие млеко во 24ч. Пред заспивање млеко т.е пред двете дремки, потоа навечер и еднаш во 3 ноќта. Дека малку вода пие околу 100мл битно ми е на жешкото да внесува течност.Ручекот му е одма штом стане после првата дремка тоест кај 12/13 макс. И вечерата е после втората дремка, кај 17/18
А посебни креми земате за лице и тело? Јас за мене само така користам, за бебево земав на Веледа 50 спф и цела со тоа ја мачкам, веројатно океј правам а?
Епа и јас научив сега нешто. Ќе купам денес да пробам за двајцата момци дома ми се ептен со сува кожа и за лице за поголемиот немам уште најдено начин да го опраам, на 3ипол години лицето му е хаос. За олеснување на чешање кај бебето eucerun aquaphore melem и сега едно ново најдов лосион балзам од еуцерин бело и тиркиз пакување текстурата му е како лосион за после плажа и тоа многу им одговара на двајцата, ама за жал моментално е олеснувањето, за ден два пак по старо
Ептен дека се со егземи со атопична кожа затоа, затоа ја купив кремата за лице за бебенцава. Инаку последните две години цел големиот го прскав со еуцерин прскалче фактор.Супер правиш, за бебе крема може за цело телце мали се, кога ќе порасне малку ќе треба прскалка зошто поголеми се додека го намачкаш со крема отиде и денот и кремата)
И моетоколку твоето, 8++. Педијатарот ми рече да јаде меѓу 150 и 180 грама. Е сега јас мерев во тањирчето нејзино отприлика колку зафаќа, но не секогаш кога спремам толку ми е, зошто вака од око ставам и кога ќе испасирам или изблендирам ми е помалку. Секако и не се секогаш расположени за толку храна. За вода мака мачиме, едвај пие по неколку голтки и се трга. Сега кога стана многу жешко почна по цело шишенце да пие околу 150 мл максимум. Цица плус па се тешам дека некако надокнадува течност
2 дена почнав и јас вака со овој распоред. Му давам одма каша кога ќе се разбуди и после со дремките млеко. Сега и нас ручекот ни е околу 13часот. Претходно му давав после втората дремка и мислам дека и него му беше измешано се. Форумов не знам за колку работи ми се има најдено
Фала ти на советот, ама секако чисто информативно ми беше прашањето, нема да му давам со сила нити го растам по книга. Единствено вода што не пие доволно, за тоа ми е страв на жешкото а за храна ке си јаде колку му се јаде.
Истата ситуација и со храната и со водата, само што 150 нема испиено до сега. Исто цица па и јас со тоа се тешам.
Сосема те разбирам, нема мајка што не се запрашала дали е доволно храна, дали е доволно вода, дали му е топло/ладно? Ама верувај му на инстинктот на бебето. Родено е за да преживее, а со тоа и да пие/јаде колку што му треба. Сакам да кажам нема да не пие вода и да дехидрира. Ке осети жед и ке пие повеќе. Ке јаде кога е гладно или ке се доцица. И за сите негови потреби е така.
Побарај во аптека тестер ако имаат. Мене ми даде дерматолог пред да го купам. Скапичка е, па ако не ти се погоди баш е без врска. Ама јас откако ја пробав, земав еве второ пакување трошиме од ноември. Само сега само лице мачкам. Малку се става зошто има некоја поинаква мрснотија, се размачува убаво и впива. Само тенок слој е доволен. Го мачкав денеска по нозете и лицето со тоа за сончање од Авен, гледам ок е. И ножиња му ги мачкав зошто му ги фаќа сонцето во количка. Убаво впива.
Мајќи која температура одржувате дома во топлото? дали ноќе да спиеме со клима или можам со отворен прозор?
Син ми овие денови не сака благо. Пред една недела почна. Прво ми одби ужинка од готова каша, мислев ај не е гладен дека убаво се наруча. Ама, вчера со мрштење изеде доручек мусли со каша праска и јаболко, после за ужина банана пола само. Сабајле остави цела каша со овошје. Му дадов кифла со јогурт, се изеде. Сте имале ли слично искуство?
Имало полошо од нас значи Ако му е нешто од поомилените работи, зинува и го јади за 5 мин. А инаку, исто и ние се молиме. Оти се му го одвлекува вниманието
Мојата ти е лебарка. Се што е леб, кифла, би можела по цел ден да јаде. А јас прави каша ваква, онаква, да внесе различно. Среќа па овошјето сака свежо да го јаде како парченца, па замижувам на кашите што не ги јаде.