Денес педијатарот ми рече дека на бебето му е "широко отворена фонтанела" и ни зголеми внес на Д витамини. Јас како што знам, предната фонтанела се затвара во период од 9-18 месеци. А моето е 9 месеци.
Нас ни рече до година треба да се затвори, веќе почнала да се затвара. Ама спомна така со зор дека јадренцата му биле мали, па ни даде плус Д витамин. Ама ич не сум задоволна од државниве, да им вадиш зборови од уста.
Дали се заби во прашање или нешто друго. Крај на 6 месец сме, по цел ден само кенка, не спие убаво дневни дремки. Кога е легната кај мене во раце на десна страна како да се жали и истото го прави и кога цица. Навечер тешко додека заспие. Ушето си го откорна, рацете во уста. Ако излеземе некаде прескокнува дремки, и навечер по 2 саати плаче без престан. Се затворивме само дома, мислам дека полудувам и веќе не можам да издржам, секој ден е истото и нема крај. И се на тоа префрлаат дека не ја носам кај бабите, не е излезена никаде.
Или заби или е во скок. Издржи уште некоја недела, ќе помине. Носија де по баби, таман ќе те одменат малку
Дали ви седат во седиштето во кола? Значи нема да тргнеме да не урла, кенка и напиња. Јас не знам како да се справам, на секое патување или дел ќе спие, останатото време кенка и морам да ја вадам од седиштето и седи во раце, што сум многу против и не знам како да се справам
Скокот пишува дека е завршен. Али не е кај сите исто. Кога ја носам може по 6 саати да не спие, од премногу луѓе и ново. Потоа вечерта замалува од плачење. И те како ми треба одмена, да одморам малку.
Мислам дека те прашав али не знам што ми одговори тогаш, дали свежо овошје даваш? Го киснеш, лупиш? Уште не сум дала свежо и од продавница, само зеленчук спремам. Овошје готови каши само