Мајки хелп, навечер во спална ни е 26-27 степени, пуштаме клима на почеток до кај 11-12ч и паѓа температурата на 24-25, бебе е облечена горе по кратки и тенки кратки хеланчиња, не е покриена затоа што го трга цело време. Е сега кога станува за цицање вечерта е премногу ладна, цели раце и нозе, ушињата и лицето. Кога станува наутро е затната и само кива. Не знам дали ќе ја настинам вака, а не сакам ни да ја прегреам.
Мојата само по боди откриена спие… ладнички и се сабајле, ама ништо не и е. Стапалата и се топли. Нормално е да кива, а носот може и од заби да е, и кај мојата е така а ништо нема кога вадиш.
Најдобар показател дали и е ладно е носето, допри го него, ако е топло океј и е. Телото секако е поладно, паѓа температурата кога спијат. Мојава знае така од пот да се излади цела, се лепи кога ќе ја допрам и ладна е и одма ја откривам тогаш. Инаку носето и е затнато од климата, го суши воздухот. Шприцај физиолошки раствор.
Мене ми рекоја дека овие се препорачани зза ако патуваш почесто. А ако ти е за секој ден, земи си од тие стандардните душечиња
Здраво мајки не знам дали е за тука прашањетп но можеби има слично искуство некоја. Воведуваме втор оброк ручек арно ама кога иде време за ручек мене градите ми се полни млеко и тврди и непријатно ми е да ги оставам така до вечер. Дали се молзите во ваков случај или оставате така?
Касно гледам што сте пишале. Додека јаде не бришете околу уста. Оставете нека е испрљано цело. Откако ќе се најаде, на чешма и со вода измијјте. Нека им се развиваат сетилата околу уста. Ќе си имате мака понатака, каде на една трошка што ќе им стои на уста ќе урла ќе плаче дека ја имаат. Уживајте. Хаосот се средува. Времето не се враќа.
Колку време пред ручек и даваш да цица? Нормално е и мене такви ми беа, додека да се навикне телото дека треба да го рипнеш тој подој. Ако јаде цел оброк пробај после саат и пол дај и да цица, но не целосно да ја испразни, него малку до степен да не се тврди и да ти олесни. Така постепено ќе го тргнеш тој подој, не смееш нагло за да не фатиш мастит.
Мами, бебе 11+, последниве 10тина дена ако не и повеќе ич не сака да спие ноќе. Дневните дремки си ги тера стандард, со лесно и мирно заспивање ама ноќе е хорор. Кај почна во 23h да заспива па и накај 3-4 ќе си стане, ќе си се исправи, ќе си стои така, па си пее, си вика, ќе го земеме да го заспиеме, ќе поспие 10 минути и пак исто. Скок не е колку што гледам, регресија и тоа нема периодов колку што читам. Еве не знам што му е, ме полуде.
Кутрите.. Еве и моето, цела ноќ се буди, кенка. Не му помагаат ни осанит гранулите. Не знам веќе како да му помогнам