Околу количката, има малку појак мирис, ама супер делува. И од алките од Зегин купив, ама тие уште не ми се искористени
Јас земав на чико алките, навечер кога ја шетаме и ја ставам околу ноџето и баш јак мирис има, еве веќе 4 5 дена и нема ништо, не е касната.
Само моево ли бебе не го касаат комарци? Абе околу нејзе летаат, еден убод нема. Ви викам јас мал ѓавол имам дома, кој се буди секоја вечер точно во 3?
Килибарно герданче, да или не? Уште тоа ми остана да пробам, ништо друго не помага. А денес видов и горната двојка му е набабрена. Цела ноќ се превртува и кенка...
Мами синко е со мрсули цела недела, спас се нема, прскам солена вода ама некако како да нема подобрување. Инаку е весел, јаде, пие, крвна слика, топ. Не влечам со аспиратор зошто во мрсулите имаше малку како траги крв, па таман се смири да не изиритирам пак. Што да превземам?