Мајки можно ли е скоков да не фати покасно, на апликацијата вика веќе пред 2 и пол недели е завршен, а нас веќе 2 и пол недели од како ни почна 5 скок. 7 месеци сега направивме. Дневни дремки е со премногу плачење и навечер пред спиење. 2 недели само во рака сакаше да спие, а сега ни така. Премногу плаче пред секое спиење и рутината вечерна ни ја преместува. Секоја вечер различно заспива, а се трудам исто време да ја легнам.
Леле мајко што е па сега тоа. А си реков што убаво 5ти не го ни осетив многу. И дремкиве се катастрофа, 2 дремки по пола час и една 40 минути. Полудувам...
Што им давате за вечера? Треба веќе да почнам, а освен ноќниве со гриз не знам што различно да и дадам од доручек Дајте идеи? За доручек вртам просо, киноа, инстант овес, пченка и гриз со овошје и грчки јогурт. Исто ме интересира дали смеам секој ден да давам грчки јогурт? Зошто го сака и ја држи
Ај да ја сефтосам темава со едно така можда глупаво прашање. Бебушка ми има многу косичка, долга и густа и виткана и е. Кога ќе ја избањаме навечер како почнува да и се суши цела е локнички ама зашто и е многу долга и ја сушам малце со фен да не седи така со мокра коса, и локничките и се исправуваат како што ја сушам. Можам така да и го уништам косичето виткано?
Не, таман работа така да се исправуваше коса виткана. Сите имаше со фен да ја сменат. Едноставно таков правец и даваш кога ќе ја исусшиш, затоа е така.
Многу е смешна како лав е со косата, ептен сакам да ја видам каква ќе и е цела ама косиште има и многу е мокра. И одма и се прави скроз права душичка
Здраво, бебе е 11 месеци, од пред извесно време почна со главата да се удира наназад од хранилката или кога е во количка од количката се мава наназад, приметувам дека почна се почесто и посилно да го прави тоа. Знае така да прави кога е нервозен или кога е среќен а некогаш и онака без причина се удира. Дали и вашите бебиња го прават тоа, дали е нормално ?
Исто, утоп. Навечер кога ја успивам жива вода се правиме и се буди од топло па пак се во круг. Денес треба да излеземе од скоков фамозен, кога да очекувам подобрување во спиењето? Немам надеж веќе Ноќеска на саат време стануваше
Едвај чекам да заврши 5 скок. Бебево ми е како од демон запоседнато. 4 не осетив ама затоа овој за двата ми наплаќа.
Уххх не знам кој беше полош кај нас дали 4ти или 5ти.. тесно е многу хахахаха. Што прави твојата цуца, не спие?
И ден и ноќ. Навечер има испад, еднаш се буди кај 2ипол-3 и гуга на цел глас, прави пируети, писка, ме шлапа по лице, тоа трае околу 1 саат и после презаспива околу 4 до 7 сабајле. Преку ден исто тешко ја заспивам, кратки дремки по 35-40 минути. Пред ова направи трансфер на 3 дремки подолги, еве пак ми се враќа на 4 пошо кратко спие и не и е доволно. Ништо не и е погодено преку ден и се тегне и плаче за глупости…