Значи овој 5ти никој не промашува. Нас само навечер не утепа. Преку ден дома не се прибрав, па може затоа не осетив премногу
Добри сте со едно станување.. еве кај мене вчера да ти кажам, успивање ноќно од 9 до 11. Во 11 заспа. Прво станување 12 и 45, 1ипол, 2ипол, 3 и 45, 4ипол, 6, 7. КРШ
Мојава 9 ќе прави, исто се треска наназад од хранилка и во количка. Некогаш како игра, некогаш од лутина. Сега почна и кога ја пресоблекувам, се фрла наназад и се буни. Веројатно е фаза, не знам што да кажам.
Нее таман работа иста е и мојава, со коса се роди, сега цела локни е. Јас и ја чешлам кога ја засушувам, ја фенирам Иста сум и јас со локни, а ја исправам цел живот, зошто тазе бањата сум ко лавче.
Аууууу моево ангел према твоето. Браво за нервите мајка, кажи го дилерот кој ти е да издржуваш таква тортура?
Варам црвена леќа органска на Био од ДМ. На неа пишува 5-10 мин, еве 25 мин варам уште не сварена Што е проблемов? Од која варите вие? Плус ја киснев во вода од синоќа
Со години користам црвена леќа на дм био. Дури и во киснење се отвора и размекнува цела, а за 5 мин е сварена. 10 веќе и е премногу, се распаѓаат зрнцата. Да не била нешто со поминат рок?
Мајки 7 месеци сме,користам вода од зегин Нера,до кога да ја користам таа вода и од неа пијат.Дали смеам да сменам во Роса или да терам со истата
Не, океј си е. Се отвори и оваа во киснење, се распаднаа зрнцата цели со варење, ама кога ќе ги пробам пак не се целосно меки. Колку вода и ставаш?
Уф што знам, не мерам. Ако правам манџа ставам доста, ако ми е за блендирање за намаз еден прст над леќата и таман цела ја упива. Инаку не е скроз мека кога ќе се свари, ама лесно се џвака. Како сварен грашок ми е тврдината отприлика. Кафеавата е помека.
Искрено, пред 2 месеци кога почна да станува вака пцуев се по список што ќе ми текнеше, и плачев. Многу плачев хахаха. Сега се навикнав. Ама насабајле во 7 ја зема маж ми, ја лува до прва дремка. Пред прва дремка цица пак и јас легнувам со неа кома. Денес спиев од 7 до 9 сабајле, и дадов да цица ја успав и пак спиев со неа до 10ипол. Тоа ми помага ама се навикнав веќе..
Аха значи таква е, јас не ја користам црвената никогаш, само кафеава, ама за бебе сега сварив и затоа чудно ми падна. Фалаа
Детево мое цела ноќ се превртува во спиењето. Не му е жешко, цело време го проверувам, таман е и температура во спалната. А тој цела вечер врши. Нозете горе кренати на креветче и така спие. Сабајле го најдов со главата кај што треба да му се нозете. Ама од што се врти мислам дека не може да заспие. Не знам зошто толку се врти во последно време Сега најново - сака да се држи за оградата од креветчето, свртен на страна и така да спие
Се исто што наброја прави и моево плус 2 ноќи по ред ја трескаше главата со цела сила од оградата на креветчето кај што нема оградица. Ставив плетенка на таа страна од синоќа бидејќи сериозно ќе се повреди. 5+ месеци сме, застој нема во сонот ни 10 минути.
Еве го сега спие со главата во ограда напикан. Среќа креветчето е транспортно, па мело е Ама мислам ќе ја дупне мрежата хахахах Се надевам ќе помине и кај нас и кај вас за брзо овој период, оти и мене ме остава не спиена
Isti sme i nie eve denska pravime 7m ama 1mrc sme vaka celo vreme e vo dvizenje vo son na stomak spie se vrti na straana so krenati noze ama bukavlno isto pravime neznam sto moze da on mrda jas se budam ludnica
Кај нас почна сега во 5 скок. Еве таман ја заспав во 20ч без проблем, ја префрлив, во 22ч стана со плачење и еве лежи врз мене спие сега ми е страв да ја мрднам, ја слушам како кенка во сон… Се шекнав со скоков начисто.
И кај нас 5ти скок го изремети спиењето. Ама ќе си се врати во нормала. Супер си беше досега, само ова со вртењево малце не излудува