Незнам кога почнува 5 скокама моиве се полудени,едниов навечер ми се буди плаче се врти спие на стомак,другиот почна и он да вриска во сон.Денес спиеја една дремка долга после тоа никако да ги заспијам легни ги вриштат,седни ги мирни несакаат ни на релаксатор никаде,неможев буквално да ги оставам шише за млеко да измијам млеко да им ставам.Ги остававив во креветче да измијам шише набрзинка едниот се качил на кеветче,другиот како сто беше седнат се преврте и ми се удри во креветчето со челото.Едвај ги заспав.Јас незнам што може да биде ова чудо,гледам и заби ги мачат ама ова мислам ми е хорор,немам време една чаша вода да испијам а камоли да јадам.
Прашањето може ќе ви звучи несоодветно ама сакам да ве прашам мајки пд кога ги облекувате на вашите беби обувки? Бебе не ни станува само се врти. Вака пример кога ја шетам со количка било парк било мол срамота ли е да е гола или само со чорапи?
5+ сме, јас боса ја шетам, зимоска со чорапчиња, а сега голи стапала. Немаме кондурчиња уште, а и не планирам додека не почне да проодува да и облакам. Мене не ми е срамота, баш ми е слатка.
За што да е срамота мајка? Мојава само по боди ја шетам некогаш. Боже сачувај да дозволи да и облечеш нешто на нозе.
И ние попладне само по боди шетаме низ мала до паркче дека обидите за облекување се неуспешни иако имаме мн убави фустанчиња кој ми е по кејф да ја облечам
Мајки дали некое од вашите бебиња заспива само, за денски дремки и за ноќно спиење, или шансата за тоа е еднаква на онаа да видиш еднорог? Зборам да го оставиш будно во креветче и да си отидеш, само да си заспие. Цело време ми излагаат видеа дека заради тоа се буделе бебињата, не знаеле сами да заспијат. Очајна сум веќе 3 месеци не спијам навечер не знам спасот кај да си го барам
За тоа треба тренинг, не може од еднаш. Мојата сама заспива ама ако ја држам за рака и се правам дека спијам. Јас си лежам до нејзе и она сама си заспива. Така дефинитивно тренинг треба.
Во релаксатор знае да си заспие сам, во креветче уште не се случило Само навечер заспива сам, ама до мене.
Нема крај на лудилово, денес спиеше само 1 час и 10 минути денски. Вриштење на најјако, на моменти се смее сама и наеднаш почнува да плаче. Во рака кога ја земам да ја заспијам ја превртува главата назачки. Се е пробано за да заспие и ништо не сака. Само на страна да е легната и нозете качени на креветчето, а со рацете се држи. Сеуште не почна да отвара уста за храна, 7 месеци е и матичната вика дека мора веќе да јаде. Се изнапишав на форумов ама веќе не знам што да и правам.
9м е мојата и исто е дури мислев невролошко дда нема нешто што се фрлаше наназад но испадна се воред. Заспивање строго во количка,транспортер замислете на 9м или во релаксатор ја нишам. Уста не отвара,а има и две запчиња, почна да седи самостојно малку ама во хрснилката паѓа на една страна, уште сама незнае да стане за да седи морам јас да ја наместам, не лази, млеко едвај пие помалку колку да преживува и грам нема качено за месеципол
И мојот се врти. Може пред месец ипол почна. Ние спиеме на спална, додека заспие не знам веќе на која страна ќе отиде. Ќе заспие и попреку, па ќе го наместам. Џабе, пак се врте. И на денски дремки и ноќе. После 7 скок, почна да спие на стомак.
Јас боса ја шетам секаде. Не зна ни зошто има 10 пара сандали, па и една другарка со цел ум кожни и има купено. Строго боса е, ништо не држи на нозе. Еднаш со кенгур до аптрка бевме и имаше чорапи. До дома и двата ги немаше.
Хахааххаха, ја кога и ставав чорапи или патики додека беше поладно, кој што правеше ја собирав по улица патики и чорапи.
има ли некоја мајка нимо риба инхалатор? Купивме, ама маската некако голема е, па се мислам дали е добра. Дали ставате нешто на очите? Затоа што приметив со оваа поголема маска дека и накај очите му прска.