Буквално истово сакав да го пишам. Јас не го ни однесов на причесна после крштевката баш ради ова, не па вино лажички да давам.. Ќутии..сите сме во некој страв потсвесно дали е се "нормално" што се случува, што прават
Во кола кога се возите, како ги "залажувате" и заигрувате, за да седат во седиштето? Секое возење ми е хорор, макар и да е 15тина минути. Пишти за враце, и само се превиткува нанапред за да лази, А ВО КОЛА СМЕ
Ако најдеш решение кажи! Некогаш со цртан( само тогаш знам да и пуштам), ама тоа се кратко трае. Чувам некои играчки само за во кола, за да и биде интересно.
Колкаво беше? Мојава сега накај Грција до пола пат беше супер, од пола пат до граница си поплака.. а за назад па тргнавме да е уморна, заспа и спиеше пола пат. Па пауза правевме, шетавме во Солун и пак ја изморивме и до граница спиеше. На граница будна, застој и си игравме во кола во скут кај мене, кај децава.. после прошетка до Фри шоп и пак се измори, па до Ск спиеше Од сега така ќе темпирам, да се уморува, да спие возејќи се. А додека беше помала па, таму до 5м... исто за 10мин возење плачеше. Ама ја завртев нанапред и од тогаш се смири Исто така и со смокички Лино седи мирна, па на прво плачење со Лино се лажеме некое време
9ипол е. Јас се мислам како ќе одиме ние Грција Имам пробано и јас со цртан како @BellaBibi, не бе жено, каков цртан. Сите играчки од дома ги имам однесено во кола, не и не. Песни, приказни не знам што.. Ништо ништо не помага. Враце сака. И ај што сака враце, не седи ни мирен @HeLenna Lucky you мојот не држи цуцла никогаш
Моиве седат без проблем во седиште ама па никогаш не биле возени вон седиште. Кога идеме на пат, со јадење бисквити се занимаваат. Исто со цуцла малиот ако почне да кенка нешто.
И моето седи воглавно ама ако почне да кенка се смирува со цуцла. Еве вечерва во количка почна да ми кенка што не се десило до сега, можно ли е ладно да му беше, по кратки беше, нас ептен топло ни беше ама него ноџињата ладнички му беа, немав по долги ништо. Сега грижа на совест имам
Мајки на 11-12 месечни бебиња, колку долги и колку вкупно дремки имате дневно, а колку ноќен сон? И во колку саат ви заспиваат навечер и кога ви се будат сабајле?
Мојата заспива 7:30- 20:00 станува 6:30-7:30. Дневни дремки има една, од саат ипол до два ипол зависи. Сега е 17 месеци, на 12 месеци имаше две дремки со тоа што едната беше кратка 40 мин.
Прооде? Мојов кога проодуваше нејќеше во количка. Може тоа да е. 12 месеци, навечер заспива 8 8 ипол, станува 6 ипол. Две дремки има, едната околу 2 саати, другата пола саат.
Од кога почна една дремка? 11 месеци е моето, ама се мачи буден да е понекогаш и една дремка да има, навечер е кома.
Мислам некаде од 11 месеци , не сумбаш сигурна дека оди во градинка па можда е така ама и некогаш таму од што плаче многу знае да заспие 2 пати а преку викенди само 1 дремка има
Здраво, ќе тргнам на работа за 20тина дена, и сакаб да воведам адаптирано за да има млеко штом не сум тука да му дадат (само на цицање е од раѓање) е сега проблемот е што никако неќе да пие. Кога пиев јас кравјо го застрви и му понудив и си пивна малце и како да го бендиса, така сега демек јас пијам АД пробувам да го залажам но тоа никако не го засакува. Еднаш се напи и се згрози и престана. Има 8++ дали смеам кравјо да му давам од сега по 150мл на ден на пример? Не планирам цицањето да го заменам, само да има опција за дури сум на работа оти некогаш јаде повеќе а некогаш прибира. Имаме 2 оброци и ужинка и се обидувам трет да внесам, кога успева кога не. Што мислите?