Еве ме пак, заборавив друго да прашам Жештината в глава ме удри Против комарци што смее да се користи? И за во соба и за на телото? Живеам покрај вода- влага, жешко, зеленило, комарците ги имаме преку целата година, ама последните 2-3 дена баш ја искасаа. Купивме спреј Пикосан со цитрусни етерични масла, страв ми е да ја намачкам бидејќи си ги става прстите в уста. Ги имаме апаратчето од Chicco, ама не помага
Што го предизвика проливот? Аа тиквички обавезно во ручекот, имаме во бавчата Ќе пробам овие дена слива, праска, јаболко..со повеќе вода. Телешкото ќе го паузирам. Последниот пат беше густо, најверојатно е тоа.
И кај нас врие комарци... а сме нон-стоп надвор, па сакатите и на 40 степени преку ден касаат Навечер па да не правиме муабет. Ја мачкам со Чико јас (тоа е 2+ месеци) и чоече каде што нема да намачкам, таму ќе ја касне. Еве вчера на врат не ставив и на лице и таму искасана... Ефикасен е до сега, ја штити. Тоа алки чуда, не помагаат.
Не знам И јас мислев од бананата,не и давав неколку дена слива и давав не помагаше никако Месо исто неколку дена не давав
А бе душички мали А, кое од Чико го користите? Спреј, гел? Да побарам овде. Кај мене мажот ми е паничар, чита дека пиши: подалеку од деца иако е за 6+ и вели А бе таа се фаќа нон-стоп, ќе ги стави рацете во уста па ќе се отруе
Јас рачиња не и мачкам... односно дланките не. Раце нагоре да, нозе да. Доле ми е во корпата на количката и неможам да ти го сликам. Спреј е, ама како млеко прска од него. Еве го уств https://www.encimenci.com.mk/spre-z...na-zashtita-od-komarci-100ml-chicco-115960000 Во Енцименци е поскап од Дм, од Дм 300 и нешто мислам го земав
Мојата и сега на 7+ по 20 или 30 минути. 2-3 дремки. Не знае подолго да спие. Од 5-6 часот станати секој ден.
Успевате да ја измерат? Со мојава е борба и за тежина и за должина. Ја мерам дома на вага, јас па после неа ја зимам. За должина појма немам колку е точно…
Давај чај штом пие, големиот син вода нејќеше никако, само бекутан чај пиеше дури да почнам сол да му ставам во јадењето,тогаш пропи вода од како наполни годинка. Малово сега се гадеше од чај,вода пие од шише со цевка.
По колку дремка имате? Ние сме исто со по 3 дремка ама траат 30> 45 до саат некогаш најмногу. Сега на топлото имавме и по 4 по 30 мин. Дали е во ред незнам ама кога му спие на дете..
Вински оцет на стапалата. На едно памукче натопи и облечи чорапче. Ова муабетив од сношти ти е, ама за друг пат да ти се најде.
Da probas so rosa cucla sise i ja go imav istiot probllem se probav nejkese da pie probav vaka i sega pie