Ако не се реши уште запекот свари или попари ги со врела вода суви сливи (како компот) и давај од течноста по неколку лажички. Ова ми е испробано, дури и на возрасни фунцкионира.
Мајки, некој совет да дадете. 11 месеци сме, си јадеше малата без проблем три оброци + ужинка( воведено се до тој месец и прифатено се)и дома и во градинка. Пред две недели беше настината, нос растечен, кашлање, температура......помина се тоа ама сега не сака ни да чуе да јаде нешто, само на млеко сме еве веќе 4 дена. Што не пробав не сака уста да отвори.
Da ne izleguva nekoe zabche? Probaj dodeka igra davaj j da jade ili pa so crtani ili vie jadete pa i nejzi ostavi i parcinja, daj i omileno jadenje. Ke pocne..
Ама имало sleep regression помеѓу 8-10 месециии. Ете зошто мојот не знае да сврзе сон неколку вечери со ред.
@Lady Miami @angel4444 @merriel0 (уште некој да не заборавив блиску до прв роденден ) како сте мајки? Како се дечињата? Се спремате ли за роденден? Ние добри, на 10ипол месеци наеднаш се исправи на кревет и почна да лази. Знаев дека секое дете не е исто, и дека секоја фаза во свое време ќе си дојде ама малку се подзамислив кај и да го оставев си седеше, пелена му менував без проблем, и за една недела наеднаш се усоврши па сега се бркаме по соба Сама сум уште со двајцата, напорно ми е скроз ама почнувам да се навикнувам на хаосот и гледам да се најадени, избањати, и со чиста облека за другово ако најдам време Од како затопли многу цица, вода си пие исто многу ама со цицањево напорно ми е, ноќе се буди 3-4 пати сигурно, дење уште толку па почна да кака како новороденче Три оброци има, две ужинки, заби уште нема Две дремки има преку ден од кои втората е само ако лежам до него Летна годинава, како вчера да ми беше в стомак, го замислувавме како изгледа, а сега веќе се спремаме за Прв роденден Вторите деца дефинитивно побрзо растат Уште некоја шкртка во темава па да се преселиме кај поголемите
Лелее ќути утре праиме 11м.. Не знам дали е до мене, ама тажна сум што ова е најбрзата година во мојот живот што ми летна..се би дала да можам да се вратам назад уште првиот ден и се да доживеам од поново Се спремаме, ресторан закажан ( коа сме кај тоа, што им е со цениве ко за свадба ), декорации закажани, шминка фризура ,торта најдена само да се одлучам кај да се прави ( коа сме кај тоа какви се тортите од Cake Boutuque? деф ми се најубави на изглед ).. Мојов тргнува да лази првите 3-4 потега, после се плеска на стомак и се влече со брзина на светлината изгледа така му е полесно А вчера ме шокираше кога си дојде до масичките, и обично ги вози по ламинат ама сеа си се крена си се испраи и си стоеше Денес исто, му ставам далинско телефон да видам дали ќе се движи и му текнува да напраи мини чекорчиња за да стаса до нив. Менување пелена е борба, покажува агресија коа е вознемирен се треска наназад нанапред ако сака нешто да земе.. Заб ниеден, цица 5-6 пати сеа на топлово сам си бара ме тегне за маица, почна да си пие вода по 60-80мл, јаде 3 оброка по 270-280г и е слаб ко шпагетка исто кака по 3 пати у ден и тоа све татко му коа го чува тие 2-3ч додека сум на работа . За одмор двајцата се согласивме дека не сме спремни, односно дека ќе биде замор а на одмор. Најмногу ми беше тоа што мојов од 6 месеци има рутина на јадење и спиење што никад не претрпела промени и сме сите 3ца раат. Станува 6ипол - 7ч, јаде во 9ч и има дремка саат саатипол, цица, игра, јаде во 14ч и пак спие саат саатипол. Кога ќе го брзам за на плажа, кога се ќе постасам, а надвор шанса нема да заспие - испробано 100 пати, секаде..џабе. Навечер па спие од 9 без ниедно будење-кома. Реално од 10 до 17 да седам во соба, подобро дома ќе си седиме Седење на плажа во 13ч мене никад ми било пријатно и сум идела у смештај, а не на бебе. Поготово па мојов што е пребел и сите педијатри ме опоменаа за на сонце. Инаку не осудувам оној што има сила и живци за плажа со бебе алал да му е. Јас одлучив да не се малтрерирам годинава, наместивме базенче со 500 играчки на тераса и секој ден после 18ч ужива Наместивме вештачка трева, звучник, секој ден сме со друштво кој стаса шема сладолед и кафе, а буцо се шлапа ли се шлапа Поздрав од нас <3
Запчињата уште пред два месеци почнаа како да пробиваат демек, ама се уште не се излезени. Ооох се пробав ако ме веруваш, а прилично сум упорна и трпелива, ама несака и не.Во секој случај фалаа ти.❤️
Секое дете своја приказна. Малово се вкечеше со војничко лазење, пд 9 месеци почна убаво да лази и сега е џитка. Почнува да шета покрај гарнитура покрај тв. И да се исправа покрај се нешто што сака да фати. Не форсирам ништо сам кога ке сака ке направи што сака. Почна сам шише да држи за вода да пие, и си викам, кога летма времево. Кога ме клоцаше кога се роди кога почна со прсте да покажува кога ке сака нешто. За роденден мислам дека сме спремни. И гостите ги известивме заради одморите да си знаат. Детали ке мислам отпосле. Сакав сама да декорирам, порачав нешто од Тему, ама најдов девојче да ми скоцка позадина, не можам да планирам и тоа. Торта ми остана за порачка само. Ама рано ми е некако за тоа.
Мами, ми треба совет, каде грешам. Синко, скоро годинка последниве 3 недели ми заспива прекасно. Не можам да издржам зошто и на работа одам. Во 23 часот, последниве денови и 00 не фаќа. Го успивам во раце и ќе заспие, пола сат го држам и само што го спуштам во кревет се буди. Цела вечер во успивање ни поминува и пак џабе. Ајде првично запчиња вадеше, беше и нервозен ама сега е спремен за игра, свеж, весел. Дури и кога ќе заспие се буди во 2-3-4 часот. Сериозно не можам да издржам.
Здраво мајки, ние имаме 11 ипол месеци, со кажување слогови почнавме покасно, околу 9 месеци. Моментално единствено што кажува е мамама и бабаба но и тоа го прави ретко. Кога ќе му кажам пр. мама не повторува по мене туку си кажува само он кога сака. Некако ме загрижува мислам дека малку доцни во тој дел со зборувањето. Немам никој близок со бебе на таа возраст за споредба па стварно не знам што е нормално а што не. Инаку вака друго се си напредува како што треба, знае доста работи, разбира кога ќе му кажам да ми даде нешто, знае да гушка, знае да ги реди оние играчките како прстени што се по големина и сл. Дали вашите бебиња на оваа возраст го прават истото или се понапредни во зборување ?
Мислам дека се додека правиме споредби нема да сме раат. Најискрен совет..јас ептен се споредував и се опседнав со вртењето на меше, сите бебиња и мн помали се вртеа, моево никако. На 6м почна да се врти и од тогаш е цело време на стомак Така и спие.. Ние сме 11м, таа баблинг фаза сеуште не е со значење..кажува бабаба,папапа, татата постојано, особено кога е расположен. Се возбудува на поимите чао ( се тегне накај врата ), ручка ( накај хранилка и шмата ), опа ( се исправа да го земеш ) цице ( се тегне накај маица ) вода ( накај шишенце ), нана ( трља очиња ). Но ништо не повторува..учиме демек чао со раче, на НЕ понекогаш врти со главче..сега е преокупиран со покажување незадоволство со викање и трескање Се во свое време, не се секирај..наеднаш може ќе прозбори или повторува, преку ноќ.
Eве го денес полни 11 месеци и цел ден само на бисквити и леб е Вчера пишував дека си јаде три пати и две ужинки, ај завчера за вечерата протестираше, вчера со ручекот ама денеска ништо не јаде заби уште нема, редно е кај и да е да излезат, не се потечени непцата ама нека не утеши некоја мајка дека ке пројадат пак од како ќе излезат забите
Ќе пројадат. Син ми за месец дена период извади горни единици и двојки. Месец време ништо не ставаше во уста, башка и 6-ти скок ни се погоди, полудував буквално. Повеќе од 5-6 лажици од оброк не јадеше, и тие беа насила, а интерес сам да покаже пак никаков немаше. Фала му на Господ помина, сега конечно почна да јаде, пу, пу. И на килажа е супер.
Немаме запчиња ни ние, и се тешам дека ќе помине се кога ќе и изникнат. Секој ден мачење, едно две залчиња не сака да касне, почна да одбива и да цица оваа недела, само адптираното млеко го сака......не знам што да речам само да помине побрзо.
Касна малку јогурт со леб попара, еве го сега пченкарни смоки јади да се радувам на секој залак, се надевам ќе помини за брзо