Јас не знам како ќе се научиме на тврда храна, 9 месеци е, штом и направам малку погусто јадење или има ситни парченца, одма ко нагони на повраќање има, се згрозува цела. Немам нерви и одма се стресувам дека се дави, а знам дека е нормално така да прават. Мајки како ги научивте на неблендирана храна и од кога почнавте?
Дали навечер кога ви се потат ги пресоблекувате? Се поти многу мојава, иако гола по боди е само. И ставам салфетки позади, зошто ако фатам да ја пресоблечам одма ќе рипне, а вака ладни и се раменцата од што е испотена
Мојов ист беше дури и од блендирано имаше нагони на почеток, преисплашена бев дури се утрипав дека ќе блендирам до 2 год Ама полека полека почнавме вака: во блендирано овошје и житарка ставав гмечена банана ( иако е кашава има мааалце другачја текстура ), па после со готова овошна каша неблендирано просо, ориз, овес прво ситен после цел што е..Потоа постепено зголемував пасирано, па целосно пасирано, па грубо пасирано и така стасавме сега до сам да јаде бисквити, смоки и парчиња храна со големина на нокт. Само месо уште блендирам со грашок/пченка и малце др зеленчук зошто ми е страв. Пробај вака може ќе успее, долг процес е ама постепено ќе се научи
Да ќе пробам, морам некако. Просо почнав цело да и давам, ама го мешам со јогурт и готова каша па некако го јаде. Коноата ми е по тврда па ја блендирам. Ама другово јок, малце и дадов батат така и се изначуди
Па траеше 2 дена зацрвенето грло и едното уво беше,пиеме ампицилин. Ама синоќа пак ми беше топол а немаше температура. Се мислам дали се заби не спиеше цела вечер ќе го легнам и почне да плаче морав да играм цела вечер со него. Се мислам да не е пд климата нешто или заби идат.инаку само со туш ја симнуваше ама за кратко пак ќе качеше а давав далерон. Може требаше блокмакс.
Бебе има веќе 4м жлезди позади на вратче и позади уво. Позади едното уво е помала, дури на око не е видлива (само на допир), а позади другово па многу видливо и големо особено периодов. Пријателка што е др ми рече да се се грижам, биле жлезди кои се полнеле со лимфа при настинки, вируси итн, дури и добро било што ги има, нешто како одбранбен механизам си правело телото. Ама ме загрижува што уште се тука. Трето ми е, а прв пат вака волку време да не се повлече. Знам синчето како мал имаше, ама така по вирус само... А ова со месеци стои.. Нормално ли е?
Утрово се разбудивме со сува пелена. И кога и ја извадив не мочкаше. Како што читав од другите мајки, мочале одма после станување.
Ќерката е скоро 4 години, од бебе има на тилот жлезда. И се зголемуваше при настинки, па се намалуваше кога ќе оздрави. Откако ме извадија од памет во Систина, дека не знаат што е и мора магнет да се прави, ја однесов на 100 испитувања на Клиника и со графија на череп се утврди дека е реактивна жлезда. Ова беше кога имаше 1 година. Сега скоро 4 уште ја има ама е многу многу помала.
Читав дека и во вадење заби се зголемувале, а баш е у јакото моментално.. 5 избија баш од како и ги приметив жлездите, плус уште надувани во најава Може затоа е уште повеќе зголемена жлездава..
Мојава после 3ч тек знае да се измочка. Сува цела ноќ, ќе стане и 2,3 часа сува уште. Еднаш на нокшир ја ставив и се измоча Ептен ја ставив за да видам каква е мокрачата..
Ако ја пресоблечам, би било исто како ѓаволот на кафе да го викнам јахахаххаха Ставам марамче и менувам ако има потреба.
Ако се поти, ништо страшно. Јас од сабајле знам само што ќе ј пресоблечам, одма да се измоча. Па ајде нова пелена ставам.
И ја не пресоблакам ни марамче ставам ни бутур, мојава ко што се и е топло, уште марамче и што викаш ѓаволот на гости.