Исто и моево. Вчера ја слушам од друга соба рика плаче со татко и, одам да видам што е работава, маж ми вика и го тргнав шишето вода пола го испи наеднаш. По 100 минимум м’ска на ден.
Грлото му е чисто нема ништо. Ништо друго не ми кажа докторот освен капките. Ќе пробам и јас и со физиолошки. Преносливо е секогаш? Ние засега немаме ништо, ни јас ни мм
Моите пијат биотрина пробиотик им ставам 5 капки во млекце го пијат.1 мл пробиотик зарем не е многу за толку мало бебе
Не, 5 капки се 0.25 мл пробиотик, и 1мл биотрина односно 20 капки. Па таа е дозата за бебиња од 0+, толку е предвидено така да не се секирај, јас давам и бејбивит плус капки по 6 капки.
Па генерално има висока шанса за пренос, ама ова мислам дека мене секако немаше да ме одмине, а можно е и да сум се допрела за очите откако со неа сум се галела. Претходно големата имала коњуктивит, ама немало кај никој друг, ова беше вирус кој некако ги зафатил и очите и си го пренесовме една на друга. Јас мислам дека брзо ќе ви мине, обично со терапија брзо се средува, а физиолошкиот секако ќе помогне да се исчистат очињата, всушност тоа е и составот на вештачките солзи во глобала.
Уште малку 9, еве сега стана во 3.30 и се вртеше по кревет во сите позиции, па ми ја цицање раката и сега игра до кога вака незнам. За колку време помина кај вас? Се мислам дека е тој скок во 9
Моево незнае да пие од шише, како да го научам. Му давам или со лажичка по малку или од чашка па ќе пивне малку др на земја
Ние не. Ама моево бебе пред 8 ипол не станува, и дури јаде, и некако жешко ми се гледа. До мол или некаде на гости во кола излегуваме во секое време, најчесто кога е жешко. Ама за надвор со количка после 19 ч.
Секој ден шетаме, во 9:30 излеговме, во 10:30 си дојдовме. Таман работа на пеколов дома цел ден под клима. Супер е наутро до кај 10:30, под сенки одиме и малку сонце на ноџињата ради вит д Навечер пак од 19 часот еден саат.
Земи онакво со клунче, од 6+ м, тоа е баш за преод од цуцла. Мојава од 6 м со такво научи, само што почнавме со дохрана. На почетокот и течеше многу знаеше да се засркне, па полека научи и си пие ид тоа вода и чајче.
Одма после доручекот цица? Мојава доручкува, дремка па цица и после ручек. Затоа немам време кога ужинка. Е сега да и го исфрлам тој подој во 12 па наместо тоа ужинка, па па ручек, така некако планирам. А што даваш за ужина?
Кој спомна дека не треба да се фалиме дека спијат и јадат? Еве го, само што пишав во темава дека јаде, од утредента почна одбива доручек, дури и млекцето пред прва дремка едвај го пие. Ни фали едната двојка долу, мислам дека го мачи. Иако излеговме од 7-ми скок, сѐ поинтересни се како наголемуваат. Од 5-ти скок навака сѐ ни е споено.