Мајки ај совет.. 6+ сме, можно е до толку да не ја заситува млекото мое, на саат ипол бара да цица.. Сабајле стана во 7ипол цицаше, во 9 млечна кашичка околу 120грама и дадов и вода пиеше, пред спиење цицаше пак (во 9 и 45 заспа). Стана во 11 и 20 цицаше пак, во 1 пак цицаше и во 1 и 15 пак заспа, и луѓе стана во 2 и 15 и плачеше пак за цицка. И пак цицаше. Ама убаво асално цица. Не знам дали и заради тоа толку ми се буди навечер
Да, не ја наситува млекото. Мајчино млеко држи до 2 часа. Замисли ко мало што не троши толку цица така, сега 6и пол е 300 на саат и троши премногу. Иста е и мојата, цица абе мушмула ми ги прави. Затоа и давај почесто, плус може е и жедна, сега е топло и повеќе се жедни. Затоа после 6 се препорачува да се воведува цврста храна, ова зборам за ексклузивно доење, не ги држи веќе млекото толку. Пробај со ад спремај ги житарките.
Замисли имаме доручек и ручек веќе официјално, и од сабајле од 7 до 12, она три пати цицаше, измеѓу и доручек плус.
Не знам колку ќе ти прифати, ама со тоа што ќе внесеш ад, може да сигнализираш да намалува подој телото. Евентуално кога ќе ти се разбуди навечер, да дадеш да видиш како ќе реагира. Мојата не сака да помириса ад… а во кашиве. го јаде
Јас ад не сум ставила во житарици, само грчки јогурт и јогурт малку мешам и цица три пати дневно. Грешам што не и давам? Дури и оние млечните ноќни не и ги имам дадено, сега ќе почнам.
Не грешиш, јас и давам зашто не ја држи многу со вода, и послатки се со ад. Ние само доручек и ручек имаме, следна недела ќе почнам да воведувам и вечера.
Јас еве сега полека почнав со вечера. Никако да дојде редот, може каснам ама цица тоа време и побитно ми е сега на жешково да цица отколку да и го тргнам тој подој и да вечера. Вчера попладне прво и дадов да цица па после и дадов малку инстант овес со тиква. Па така полека да почнам некако.
Исто накај 6 вечера, шетање, 8:30 дома, 8:45 цицање и заспивање. Ма да заспива тешко се врти цел саат, вчера заспа 9.35, пред некој ден во 10 дури.
Мојата веќе знае кога и е време за спиење и дури да не се 3 саати будност, она веќе кенка, бара да ја легнам. Ама со топлово ептен се врти ко позиција да не може да си најде.
Леле исто со топлово.. само мрда лево десно, не знам јас со покривањето што да правам. Цела се открива од што мрда, не знам дали да ја облакам само на боди на кратки и вреќичка летна
Да, веќе се големки и им работи биоритам. Мојава и надвор кога сме, ако помине 8:30 она кенка, напиња и мора да се прибереме инаку со топлово не знам, многу ни е жешко во спална. Пуштам клима на најјако од дневна, колку да залади колку толку, али кога спиеме ми е страв да ја оставам уклучена, да не се укочиме и стануваме жива вода сите.
Не ја покривај, само по боди спие мојата откриена, џабе пресклет е. Нема да се укочите, исто спиеме, и тоа откриени сите тројца, и климата во дневна пуштена и врата отворена од спална. Претопло е, не се трпи.
Јас и сред лето покриена спијам и од таму тргнувам и за неа.. ако ја оставам откриена се мислам дека и е ладно
Хаха и јас исто и барем нозете и ги покривам ептен кога ќе заспие. Мм вчера отвара пенџер, дека сме на 4ти дува ветер промаја со дневна вратата и му викам пие млеко топло се поти не отварај. Он не осеќа врие. А мене морници ме поминуваат хаха.