Исто беше кај мојата, ништо ама баш ништо, утрето станав имаше заб.. еве сега ништо немаше вчера денес вториот излезе…
Не заспива на града.. ниту денски ниту пред вечерни успивање. Цица давам цуцла и во раце заспива за две минути. Денски ја презаспивам со нишкање, навечер заспива со цицање и цуцла. Пробано е на секој друг начин да ја презаспијам зградата во воздух ја крева од плачење. Ништо, ќе чекам да смени сама
Уф одамна беше, знам дека од бабини работи како мачкање палецот со сенф, па не знам нешто луто, некои гелчиња стававме ништо не помогна. Времето си го направи своето, како растеше. Преку ден занимација, во рацете да има нешто за да не го пика во уста. Навечер го оставав да заспие со палец и кога ќе се успие убаво, му го вадев палецот од уста. Без гајле, тогаш консултирав не педијтри, не ортодонти, дури ми идеше мисла и детски психолог. За да на крај ортодонтот ми рече да уживам да не го малтретирам и му вршам притисок, дека како расте ќе прекине.
На која возраст ова со ортодонт. Ќерка ми е 5 г денски веќе ептен ретко го става ама затоа ноќе може и цела ноќ да го држи.
Здраво мајки, бебе е 9+, до сега се супер си јадеше и веќе неколку дена ја одбива храната посебно ручекот, доручек едвај некако со занимации со изигрување кловн, но ручек и вечера никако, дури и ако успеам да му ставам во уста ке го чува и после го плука, а овошје ако му дадам парченца го јаде. Совет некој?
Вади и го штом заспие. Пак ќе го стави, ама ти упорна пак извади. Хм не се сеќавам точно колку беше, 3, 4 години сигурно имаше. Твоето е веќе големко, 5 години веќе разбира. Цицањето прст е психолошки момент. Пробај со разговор, дека не треба, дека ќе ја боли прстето. Стави и некоја кукла да спијат заедно, да ја гушне со рачето да осети дека има некој и нешто до неа.
Од кој јогурт даваш? За овие ноќните кашички ме интересира дали се даваат од наутро првин или дирекно вечер инаку ние имаме може месец и више вечера ама немам дадено од тие уште така седат во фиока
Кај нас беше 3- 4 вечери така претходнава недела, реков леле ако продолжи така како ќе функционира. Ме тераше да играме до 5 сабајле, кога ќе тргнев накај кревет викаше, ајде кај кујна ќе се смири и така по цели вечери а преку ден пак дремнуваше малку за среќа се врати во нормала инаку незнаев што да му правам еднаш толку плачеше во 01 саат ништо неможеше да го смири и што уште не му дадов реков заби идат и пак ништо
Многу е зборувано и дека ќе ја боли и забите криви ќе и бидат и протези дека ќе носи па што се протези. Па ги виде шарени на слика вика вакви сакам
Јас почнав наутро по неколку лажици за проба, па цел оброк навечер. Јогурт на Бучен, грчки на олимпус и кри кри.
Ноќнава каша со млеко и јаболко на хипп, вика 4/5 лажици се раствораат во 150 мл вода, течнонда го пиеш е, како ги растворате вие?
А зашто навечер не, кога се од тоа сигурно имате воведено? Ноќните каши се со ад, гриз, какао, банана. Ништо посебно нема во нив.
На 11 месеци колку дневни дремки имаат вашите бебиња? Мојов изгледа ќе се префрла на една, душата ми ја извади денеска му се спие, паѓа, неможи да лази, ни да се исправа а се отепав од нишкање заспива и се буди
Мислам дека им е рано за една. Барем уште некој месец. И ние сме речиси 11, на две сме. Иако сме имале секакви периоди, сме поминувале и со една, ама сепак мислам само период е засега.
И јас мислам, вчера првата ја отспа 3 саати, за втора пробав не одеше па си реков не му треба, ама денес само 1 саат спиеше и после тоа борби, до сега не се бунтувал вака, ни се поремети редот и со јадење и со се..
Некад 2 некад 1..мин пола саат макс саатипол кога како ќе му дојде, али во просек саат денска дремка. Навечер ми спие просек 10 часа без будење. Инаку заприметив дека ако има 2 дремки навечер потешко заспива и успивањето трае саат време..се исправа, се фрла на душечето, си писка, а му се спие му паѓа главата, ги трие очињата Не знам зошто така..дали мисли дека е наспан па има фора за уште малце лудување пред спиење Еве денес една дремка од саатипол имаше после доручек ( квалитетна ), во 8 цицаше, се погушкавме, 8 и 20 кома и ќе тера до сабајле..
Овој барем со дремките беше примерен, сега дали од жешково или ќе прај транзиција незнам Сега се сетив и брат му вака праеше па ден после првиот роденден ја отфрли втората дремка скроз А шо убаво ми беше до сега за втората дремка си дремнував и јас, сега вака ниедно време ми е за спиење во 12 Е а ноќе се буди за цицање 3-4 пати не се буди уствари ке заќемка, цица и си продолжува, а не дека е гладен убаво си јади преку ден