Мајки што сте се вратиле на работа на околу 10 месеци, дали дневните подои ги заменивте со млеко (молзено, адаптирано) или друга ужинка?
Исто и јас тоа се мислам и исто прашував тука. Најверојатно ќе го заменам тој подој со ужинка, така ми е поедноставно, него да експериментирам со воведувањето на шише и формула. Се мислам само што ужина, идеите ми се потрошени за доручек и вечера. Не знам што би и дала
Да но, дали таа ужинка ќе биде доволно хранлива и добра замена за млеко? Стварно не ми е јасно колку млеко треба да пијат на оваа возраст
Јас почнав на 10. Не заменив со ништо успеав да изротирам 3 оброка и 4 цицања. На работа сум 4-6часа и тоа ми беше мн олеснително..пример 1 смена: цица 7, доручек 10, цица 13, ручек 15, цица 16, вечера 18, цица 20ч. 2 смена: цица 6:30, цица 8, доручек 10, цица 11:30, ручек 15, вечера 18, цица 20ч..немавме никаков проблем вака..Ужинка планирам сега после годинка, да заменам еден подој, понатака уште една за да заменам уште еден и да останеме само на тие по станување и пред спиење.
Браво мајка, супер! Среќа што си со 4ч. работно време, 4 подои се најдобри за бебка особено на жешково.
Јас не го сфатив распоредот. Цицање имаш и во двете смени пред ручек. Како ја доиш кога си на работа? Исто и јас ќе почнам со скратено време, ама подојот што ми и е во 11:30 11:45 никако не можам да го оставам, морам да го заменам со нешто.
Maxi cosi 360 Mica имаме. Не знам дали вреди толку пари да се лупнат. Маж го бираше да било најбезбедно за бебе.
Прва смена сум од 7:30 до 13 максимум, втора од 12:30 до 18 макс..со тоа што сум се враќала дома и порано ама воглавно вака сме терале. Живеам на помалку од 10 мин со кола од работното место.
И јас имам на Maxi Cosi spin 360, до сега е океј седиштето, ама на мојава било кое не и е погодено зошто нејќе да седи и кенка. Инаку буџет френдли а добри, кога бирав ми ги фалеа на FreeOn седиштата. Демек многу им се трошеле, добра цена и квалитет.