Лубеница и дадов во шмукалче, мав направи се. Диња и крставуца не сум дала, ама не незнам не ми е решение некако да не цица.. не знам дали е до забиве..
Исто и мојава почна да забушава, само подојот пред спиење асално го цица. Еве денес во 12 тој подој едвај и морав да и го поместам ручекот во 13:30. Полека изгледа ќе го исклучам тој подој, ради работа. Сега и дадов да цицне, пак така цицаше ради реда али не како што знае и после вечера во 6. Толку е Гледам горе подуени ќецовите, може да е до тоа или дека треба да добијам, викаат тогаш демек помалку цицале, што знам.
Смоки им давате од тие за бебиња? Се мислам за ужина дали да и давам, и дали така цели ќе ги топи или како? Да не и се залепат за грло ми е страв.
Мојава и ручекот одвај пола го изеде, почна да се дере на крај и прекинав. Сега спие, па да стане и ќе и дадам да цица.. исто подојот во 12 одвај со превртување, којзнае колку исцица. И јас се мислам горните кецови се, доле пред да и избијат вака ми правеше, изгледа тоа е.
И мојава во таква фаза е, се фрла на земја. Тоа исто сакав да прашам, ќе оставам на крај малку каша и лажичка, да видам како ќе се однесува. Сѐ става во уста, ама храна никако си игра, ја гмечи со раце. И покажувам како храната од раце да ја пикне во уста, ама нејќе
Си игра бе... Душиче. Јас најрандом од Базаро купив шишенце со цефка, и тоа со тегче на цевката... За менување секој втор месец топ е. Се утепав од барање такво по нет, и најдов. Пропи одеднаш од цефче на 9м. Да пробаш? Мислам и на нук имаше слични шишенца. Ако сакаш ќе ти пратам слика.
Моево е 9 ама само ја гриза цефката не знае да повлече. Исто ко на Феникс малата, ќе повлече од клунчето и ја плука. Арно што е топло
Пушти слика, не знам ништо не сака од течност, не знам како не е жедна на топлово, па и од кога ќе се најаде, воопшто не сака. Еве 8 месеци не сака вода ич, така колку да се пролигави. Потоп се прави, го отвара и го лупа и тоа прска на сите страни.
Моето почна да пие од чаша со клунче од kikaboo. Не знам колку чашки сменив, оваа ете се погоди До душа пола во врат му течи, пола пие