Мојава прифати чашка со клунче на twistshake ама некогаш и давам и од шишенце. Од двете пие ко да не видела, денес 150 испи и уште ќе пиеше да и давав. Викам вака ќерко да сакаше и да јадеш со ентузијазам добро ќе беше. Ама, you can’t have it all.
Мојата па обратно. Ама еве денес не отвараше уста нит па да цица не само каши… пола каша изеде, со молење хахаха, вода ни под разно.
Земав денес. Како се употребува? Внатре ставам парче или пасирано? После она треба сама да повлече или јас да стиснам па да и дадам?
Да не паничиш. Врзани слогчиња се очекуваат до 10м, значи во вашиот случај уште 4м. Дали брмчи со устата? Blowing raspberries се вика на англиски, не знам како е на мкд. Обично тоа е прекурсор на слогчиња. Не биле ни моиве нешто многу "зборлести", повеќе пискаа, на 6 месеци беа првите баба тата мама по еднаш два пати у ден и тек на 7 и пол почнаа бабабабаба и сл. Едниот близнак беше потивок, ама порано почна со зборови со значење. Исто 36+0 родени.
На 6 полни месеци почна со бабаба, бубу, претходно почна со еее, ооо, ааа, бббб ова како брмчење бидејќи му брчиме ние со уста. Знае некогаш да испушти и ммм, ама не кажал досега ниту мама, ниту тата, ниту друго зборче, освен ова бабаба ако може да го сметаме како баба
Или пробај magic cup или ова со тегче на цефчето. Има и на др.браун ама нема на залиха, а иницијално сакав од манчкин ама дур да нарачам... И среќа ова го најдов еве ти слики во прилог. Spoiler
Мајки 7м сме си имавме ред до пред некој ден за ноќно спиење овие наеколку дена ми заспива во 22:00 мака мачам со заспивањево. Сега и е се интересно освен спиење обожава да се врти. Дали и е период или да и скратам една дремка
Нормално има дремки, не и крати, преголем прозор на будност ќе има така. Пробај порано да ги фатите дремките, последната во 4 и пол макс да е.
Имам читано и за тоа но не прави така, имаше ден два мислам нешто налик тоа ама не. Стварно е во принцип доста сериозно бебе, мислам се смее вака со нас и си кажува по нешто ама не е како некои уста да не затворат. Се е ааа, еее, агг, акр, нешто налик њење ама ова другово воопшто не сум ја приметила да каже. Знам дека има простор и дека не се сите бебиња исти, секое во свое темпо расте и се развива ама прво дете и некако грижи за се нешто има. Ќе се консултирам и со педијатарот за секој случај.
На главчето обично гледам јас да ја наводенам раката, па така му полевам. За плакнење може пак со тушот нежно позади исто, ама нашиот туш баш нежно се подесува млазот. Напред повторно само со наводенета рака.