Не знам како ќе се живее со неспиењево до 6.5 месеци спиеше по 10 ч. стануваше еднаш за цицање. Од тогаш навака, ХАОС. Се буди по 5 пати, некогаш со плачење некогаш без. Синоќа заспа во 22, до 23 стана 3 пати. Потоа стана во 2, па во 4 и беше будна до 6.30. Сега спие веќе 3 ч. Истово беше пред 2 вечери. Пробав се, и да поместам вечера, и на спална ја легнав, и шумови, друга оградица и не бре не спие. Да беа заби 3 месеци ли ќе трае хоророт? Да е скок, нели за неколку дена / недели поминува? Дење има 2 -3 дремки по 30 мин.
Колку месеци сте точно? И моето е вака последните неколку недели. Измеѓу 8-10 месеци има sleep regression, па мислам дека е тоа
10 е моето. Дремки по 30 минути има само? Треба да има 2, малку подолги. Можи тоа е проблемот, ако е престимулирана во текот на денот
Прозорите на будност треба да ви се околу 3 часа. Кога се буди на сабајле? Моето се буди околу 7ипол. Првата дремка му е пред 11. Трае саат и пол, некогаш 2. Еве сега си спие. После втората му е околу 16:30, некогаш порано зависи. И таа е околу саат и пол. Навечер го заспивам во 21:30. Сам си помести за подоцна да заспива. А и дури заспие навечер и јас маки тргам. Само се превртува низ креветче, како да сака да излези. И се буди со плачење, па не сака ни цуцла ни млеко ништо. Мислам дека е од регресијата, со оглед на тоа дека во скоро иста ситуација сме
Сега веќе е хаос.. али во принцип, накај 7 се буди и цица и презаспива. Се буди после 9, појадува, и тргнува денот. Заспива во 22 како навиена уште од помалечка, нема шанси порано или подоцна. Кога му даваш вечера?
@BellaBibi Со дињава нешто не беше баш успешно, само сокот излегуваше, очекував и парче диња. Дали дињава е такво овошје, што не е за ова што знам?
Ама така треба, па шмукалче е. Искачаат ситни. Како влакненца и плус сокче си пие. Исто е и со лубеница, давај и нека си игра, сигурно уживала.
Околу 18, 18:30. Мислев ќе спие повеќе откако ќе има вечера, оти така сите околу мене ми велеа. Ама не, си се буди пак. Некои деца се такви. Некои си ја спијат цела ноќ
Мајки, бебе за некој ден ќе има 7 месеци, сакам да му дадам леќа, дали е многу рано? За грав знам дека е тежок за мешето и тоа ќе почека.
И мојава исто тоа време вечера, до сега само ноќните каши сум и ги дала ради млекото во нив, демек повеќе да ја држи, и плус цица пред спиење и пак не ја преспива цела вечер.
Јас не знам како ќе тераме со цицањево, што и стана двата дневни подои два три пати повлече и толку. Се плашам да не ми се намали млекото. На жешкото она најде сега да не цица. Дали е некоја фаза или можеби сама дава знак дека треба да ги исклучам дневните подои?