Смрт ми е кога ќе дојде за сменување пелена. Не сака легнат во никој случај. Како со мечка да се борам
Истооо. Денес на ортопед бевме, ауууу, едвај ја прегледа. Двајца ја држевме, за да може со ехо да ја прегледа.
Нејќе да руча, не ја терав со сила, заспа. Колку време на собна стои јадењето за да и го понудам покасно? Нема месо, ориз, тиква и морков е. Мислев со јадењето барем не прави проблем, само со цицање и ете ја
Ѕверки уште од сега, а тек допрва што не чека Да прашам на ортопед за што бевте? Ние само еднаш сме појдени и толку
Колку пати е боцкано бебето за вакцина до 7 месеци? Моево два пати првиот месец, и после тоа уште 3 пати. Се јавија дека треба уште еднаш. Според календаров гледам дека ги има сите примено, ми е страв да не заборавиле да забележат.
Па кога бевме првиот пат, ни кажа следно да идеме откако стабилно самостојно и без потпирање ќе седи. Е она седи така два месеци , ама не успеавме да отидеме тогаш и термин дури денес имавме. И првиот пат и сега си е супер. Следно на 3 години ни кажа. И супер насоки и совети ми даде за откако ќе прооди, што да запазам, како да корегирам и слично.
Сестрами на внуката од бебилов од дм тие, ги обожава. Долги има како стапчиња ги држи сама ги топи во уста, има повеќе видови и не се скапи.
Од кога почна да седи стабилно? Мојава бе си седи пола саат така мука нема и наеднаш си се заборава и си легнува наназад.
Исто хахахах очекува да сум позади неа и си легнува лагано, ако тресне се смее Не ја оставам веќе така ми е страв, евентуално перниче позади неа да ставам за секој случај
И моиве си седат во игрална и се забораваат.Сега бевме на контрола кај Талевски и баш искоментира вие сте подраниле и напредни он ни кажа дека ке касниме со све дека се родени порано 35+5,ама фала богу досега се добри
Мајки, ме предупредија дека има навала на комарци во Мк. Дали и што мачкате на бебиња од неполна година за заштита? И нешто после каснување?
Денес ни каша ни млеко сака. Млекото што го пие пред првата дремка, така стои цело во шишето. Само 30мл испил. Не знам што да правам и дали е ок ова..