А кај мене изеде 150 грама житарки со овошје. Се крстев дома. Ова универзумот некој switch прави изгледа.
Јас се тешам дека и е ради забите горни, подуени и се. Не знам инаку што може да биде причина. Запчиња има твоето?
Двата кеца ги извади горе и едната двојка,долните веќе поодамна му излегоа. и затоа знам дека не е од забите кај нас :/ Инаку со горните ние имавме многу поголема мака спрема со долните
Па уште се буди, таман ќе помине едно, ќе не снајди нешто друго. Или заби, или скок, или не знам што. 2 пати обавезно станува околу 2ипол и во 5 Вие како сте
Јас прво дадов домашен, свеж, не беше третиран, па му дадов да го шмука така после му дадов од готова каша, и сега деновиве планирам да му направам некое Сосче со домат за макарончињата
Јас од каша дадов, ама не знам па вака термички што да и правиш освен нешто со тестенини, или некоја манџичка да ставиш, со мевце приспособена за нејзе.
И јас се мислев дали прво готова каша да дадам или да го обарам и испасирам како манџичка со леќа или друг зеленчук. Немам домашни моментално, ќе и дадам изгледа готова. Готовата каша можам не загреана два дена за проба да ја давам така? Кажете ми со зеленчуциве за ручек ги давате прво или од сабајле? Јас стално за ручек, па дали правам ок. А другите работи секогаш од сабајле.
Па би требало да стои два дена во фрижидер, скоро на сите пишува дека 2-3 дена може да се користи. Инаку да, за ручек зеленчукот го давам и јас
Јас да ви кажам се изненадив, 600грама качила за неполн месец, а ја мислев не јаде. Поготово деновиве воопшто не јаде, еве и сабајле одвај. Дефинитивно до забиве ќе да е.
Види они и си растат, без разлика што слабо јадат, и нормално со самото растење добиваат и на килажа. Срциња