По колку мл? Моето преку ден едвај пие 2 шишиња. Првото 210мл, второто 180,150 зависи. Го легнувам навечер со шише, 150 пак дали ќе испие
Немам појма колку, на доење сме цица рано наутро, помеѓу доручек и ручек, помеѓу ручек и вечера и пред спиење навечер. И во текот на ноќта еднаш знае да побара. Од 10 месеци планирам да укинам 1 дневен подој и да го заменам со нешто друго Како напредува синко со килажа без многу млеко?
Па супер е, пред еден месец, кога бевме на систематски, имаше 9870г. Педијатарот рече дека дури и вишок имал Се чудам и јас како става толку на него а млекото скроз го намали. Не е ни некој јадач на каши.. Еве два дена со ред, се што му правам за јадење, пола фрлам
Браво, браво, убаво си расте а колку грама напредок од претходен месец е тоа? Прашувам бидејќи сакам да намалам со млеко,a не знам колку е битно на оваа возраст за напредок.
Ама ужинка е тоа, имаш ужинка и со житарка, шмукалчињана што се имаат и со житарка. Повеќе е да ги залаже, до оброкот.
Од кога се смета дека запчето е излезено? Вака гребе на допир и чука кога пие водиче од чаша. Се гледаат само рапавите горе. За колачиња прашувам.
Па на 6месеци имаше 8,300г. Сега скоро 10. Ми нагласи дека било повеќе од доволно, оти сега требало да се издолжуваат, а не да ставаат на килажа
Како да му помогнам за да лази? Се пушта напред по играчка, ама едната нога ја остава свиткана под него, и паѓа го кревам, го местам на раце и колена, и си легнува на меше. Макар што мислам дека и плашлив е некако
И мојава исто прави. Ќе им текне еден ден како треба јас не ја форсирам, а секој момент ја гледам дека ќе тргне. Држи го за меше и покажи како треба хаха може ќе му олесниш. Мојава стои на колена трга со едното раче убаво, и кога треба да продолжи со другото паѓа
Од кој прибор за јадење сте задоволни? Се мислам за твистшејк? Многу практично ми изгледа ова Но незнам другите производи дали им се квалитетни во однос на цените.Вие што користите?