Вакви каде да му најдам, има некаде онлајн? Нарачав, ама нема да ни стигнат дур тргнеме и мора во Мк да се снаоѓам.
Со 7миов скок, изгуби ред за спиење ама скроз. Сабајле спиеше до 8:15, сега дури прва дремка. Втората којзнае кога ќе не фати. Не сака во раце, не сака да игра, не сака ништо. Не знам крајот да му го најдам Од страна на каши, ништо живо не сака да јаде. Устата како со патент. Се тешам млекото го пие сега барем. @BellaBibi како се справувате вие?
Јас па мислев чекате ептен да испадне запчето за колачиња. Сега да си знам дека може и порано. Ние немаме сеуште ама мислам дека е рано.
Јас имам слушнато од постари, као демек ако излезе запче подоцна, ќе му бидат здрави, а ако излезеле порано, пример на 4м.брзо се расипувале хахаха
Има и на Banz, може онлајн да се нарачаат а и по аптекиве ги има. https://kidscarewears.com/product-category/banz/antifoni/ Во muppet имам приметено дека се е од temu со три пати поскапи цени.
Семолина е безглутенски гриз? Од кај ова? И давам јас семолина на холи, ама имам и готова каша со гриз на хип и сакав да и дадам. Не е исто? Јас со семолината сметам дека гриз и е веќе воведен и не се замарам. Сега ме замисли со готовава каша дали да и ја дадам Мајки други ај и вие кажете?
И овој е без глутен? Нема наведено на него дека не е. Вика интегрално брашно само. Едит: да ова е со глутен зошто е од пченица и затоа е 6+. Тој на хипп семолина е 4+ и од оризов гриз наводно е, така читам и е глутен фри.
Можно е од сега на 10 месеци да се префрли на една дремка?? Абер нема за да заспие, а првата му беше само 1 сат и 10тина минути
Е готово де, имаш гриз воведено. Секако имаш и глутен воведено, не е страшно. Не се потресувај толку со намирниците.
Мајки ај малку за тема патување со бебе. Кога е најпаметно да се патува? Дали некоја тргнала во ноќ, да речеме во 4 часот и како истерала? Не знам како би го извела тоа, како да ја станам, седнам во седиштето, а да не се разбуди и дали ако се разбуди би продолжила во кола? Имам овертинкинг на темава па совети би ми биле добредојдени.
Ние решивме да отидеме во Солун ден порано, таму да преспиеме. Нема да има проблем и навечер, ама ми е мака да ја мрцварам да ти кажам така, па после утепана цел ден да е.