Два пати бевме на одмор летово за Грција. Од вечер се спакувавме, станавме со маж ми во 7 сабајле да досредиме финално. 7 ипол-8 бебето го будиме и одиме. Првото хранење во кола. Некаде околу 10-10 ипол сме Валандово/Дојран, каде правиме пауза од пола саат-саат. Кафе/менување пелени и сл. Тргнуваме и второ хранење во кола. И преку Дојран одиме обавезно, побрзо се поминува. И двата пати од граница имавме уште 2 ипол-3 часа возење до местото. Стасувавме точно за check-in времето. Јас со бебе одам во апартман дирек, пресоблекување и хранење. Маж ми растовара за тоа време. Се сместуваме, распакуваме и доаѓа 16:30-17 ч. И одиме на плажа до кај 20:30 ч. Така ни е прв ден секогаш. И без бебе кога бевме. Јас не ни помислувам да тргнам навечер, освен ако не е смештајот на Кефалонија или сл, каде треба повеќе возење. Зошто би стасале рано, и ќе треба да чекаме за check-in. А да одам на плажа рано, и да ја оставам колата со сите ствари полна на паркинг и после да се распакувам - нема шанса. На ден на check-out не одиме на плажа. Се спакуваме, и си одиме.
Добро има ли крај овој 5 скок? Според календариве треба да е веќе завршен кај нас, а тоа полошо станува со секој ден. Посебно од петокот навака катастрофа. Не може да спие повеќе од пола саат преку ден, 3 дремки кратки има и после до ноќно спиење е будна 100 саати, цело време цика, одбива храна, тешка за успивање, ноќе не станува ама цела ноќ салта прави во креветче и се треска со главата. Преку ден е нерасположена, не можам никако да ја презаспијам, а и се спие и се плаче. Вака не беше цел 5 скок колку овие три дена здравје што ни зема. @Feniksgirl
Da eve i nie sme taka preku den mleko ne pie kasite samo pola jade neznam zosto vaka a navcer se budi za mleko i bez problem pie nie sme 8+++ jas se nerviram ama toa mi e voda skoro ne pie ic neznam zosto
Во 6ти скок ми е ќеркичката. Одбива да јаде, на сила по малку се'. Вода во никој случај. И се смее по цел ден, на се' живо се смее, чашата да ја кренам за кафе да се напијам - таа се смее. Чуден скоков. Да чукнам во дрво, до сега немаме ни с од скок осетено ние. Никакви промени нема кај нејзе со скоковите. Ама ова сега со јадењево ме загрижува. А може и само забчињата да се виновни, никако да излезат. Мачкам, глодалки, лубеница ладна во смукалче - разни работи правиме за да и олесниме. Не е нервозна ич, само со што не сака да јаде и во уста свашта става и гризе. Страв ми е со килажа да не падне ако продолжи вака.
До скокот е, официјално го осеќаш иако ете со храната. Ние сме исто, и одбива храна, млеко, вода… се молиме за јадење. Скоро 4 недели трае, нека ни е со лесно…
Иста беше, од прв до последен ден во 5ти скок, само што кај мене стануваше 10 пати навечер. Како заврши скокот, друго бебе, одма се нормализира. Ама навечер истооо, тоа лупање, вртење, превртување.
Покасно по втор пат ти пишувам, си пробала да ја презаспиеш? До нејзе да лежиш и чим се разбуди да ја презаспиеш. Иначе не знам до кај сте ама може и забите да се.
Ее ние уште пред месец имавме толку а сме помали од вас ама си јаде да не му се уроци. Млеко само 2 пати ама почнав и тоа да го фрлам не ми го сака цело. И синоќа пред спиење пола го фрлив и утрово, о затоа сега само 100 мл му направив. Дали дека бабите измеѓу му даваат по некоа овошка па не сака незнам или пак од топлово
Така цело време правам од кога премина на 3 дремки. Ретко да врзе подолго сама, ама лежам до неа од прилика знам кога се буди и ја презаспивам. Цел скок вака правев, немаше проблем си презаспиваше за макс 5 минути. Од петокот одбива да презаспие, 20 минути се мачам и на крај се откажувам, џабе е. Инаку 27 недела од утре веќе, треба да е завршен скоков, кај нас полошо од почетокот е.
Уста не отвара. Само тој ден кога пишав ако памтиш јадеше и толку. Инаку кај нас секое јадење досега е со апсолутно 0 ентузијазам, и пикам со сила во уста и изигравам мајмун да голтне за 30 грама. Како пикам така и држам уста стисната со брада за да не исплука. Интерес нема никаков за цврста храна.
Не, сабајле е бетер нерасположена уста не отвара ни за млеко едвај со сила. Пие малку млеко меѓу 7-7:30 сабајле, па си играме, па спие прва дремка и тек накај 10ипол ја седнувам за доручек.
Ајде и тоа ќе пробам, ама некако интересов ми е 0 во текот на цел ден. Вчера пробав пасирана банана околу 18 попладне, чисто онака, гладна беше залак не изеде од бананата ја исплука. За ручек време сум пробувала, исто слабо. Само лубеница во шмукалче по малку сака и тоа е тоа. Ќе се консултирам и со педијатар. Месец + пробувам без никаков резултат.
А за храна како правеше? Цело време со готови каши? Се мислам таму водата дали е океј, па миј кисни, вари, пасирај, а сакам дома нешто да и зготвам барем за ручек, не знам искрено. Исто кажи ми за бањање во што ја бањаше? Дома во корито ја седнуваме ама на одмор ќе немам, па како се мислам.
За храна готови каши и млеко ад. За на плажа ја топлев кашичката и во термос ја ставев. Миев таму со зовриена вода во бокал. Инаку јас имам кадичка на stokke, таа се склопува и за патување е топ. Без сталакот, само коритото го зимавме со нас и во него ја капев.
Ноќниве каши само ден траат така? Не пишува на декларацијата дека може два дена во фрижидер. Како правите вие?