Можно е и до забите да е, имам блиски другарки на кои бебињата им одбиваат храна кога вадат забчиња. Не се грижи, обично траело недела две. Ако е скокот може и повеќе да трае еве кај нас цел 5ти скок со сила млеко пие додека цврста храна не одбива толку освен ако нешто не и се допаѓа.
Мнооогу ми е полесно од ко се префрли на 2 дремки хахах Како повеќе време да имам, барем за да го прошетам ако не нешто друго
Абе не дека нешто посебно планирав да готвам, него тоа време и онака ќе сме во соба, па мислев нешто ориз да и сварам, тиквичка така нешто. Зошто вака од готовите само три вида можам да и дадам. А за доручек што планираш да даваш?
И мене, малку сега ми е со вечерава проблем. Не знам како да направам дека ми руча во 2-2:30, па спие кај 3 и пол до кај 5, 5 и нешто и нема кога да и дадам да цица, кнап некако до вечерата, сакав 6-6:30 макс да и дадам. Многу некако од 2 до 6 да е без цицање. Ми спие некако тој период. Ти како правиш?
Зашто само три вида, имаш на холе зеленчукови, имаш на бебевита исто и со месо, имаш на хип исто, за цела недела имаш коморно различни да и дадеш. За доручек ќе си земам кутии, семолина, мултигреин, овес, спелта. Ќе мешам тоа, со овошје. А за вечера ноќните. Во врска со ноќните, денес и дадов на хип со бисквита, млеко и јаболче. Секогаш ги пробувам пред да и дадам, луѓе ја погадно нешто не сум пробала. Брокулата ми беше повкусна.
Дали може некој да ми каже што фаза е ова кај што пробувам да ја успијам, значи ја легнувам на страна она се врти на друга, вришти, се тегне, ме бутка со раце. Едноставно не лежи детево мое, и одма на стомак се врти, одма. И се спие значи и се плаче за спиење, абе нема шанси да се предаде. Ја земам во раце склопува очи во секунда. Ја враќам пак на кревет инстантно се расонува и пак на стомак. Пробувам да шшкам, пеам, ја држам за рачиња и притоа ја нишкам, не бре луѓе не и не и не. Од 8ипол пробувам да ја успијам, еве го 10 дури сеа замижа. И во сон се врти на стомак. Демек пробувам да ја научам да не мора во раце да ми заспива.. мислам дека ќе се откажам, начисто полудев. Кај не спијам, кај навечер се буди 300 пати уште успивањево хорор. ХОРОР. Уште таа малце енергија во мене што ја имав ми ја исцеди. Дајте кажете како заспиваат вашиве бебиња не е можно да сум единствена. Значи да се разбереме моево бебе чим осети кревет под неа трга во поход, не цуцла, не знам што да и направам пак нема да лежи ниту две секунди. Како вакво ѓаволче да го смирам? И рутина и темна соба и фен демек да се потсмири пред спиење не бреее аууу што ќе правам. Каша попара ама денес пукнав, пукнав.
Нас ни се има случено вака да прави ако е преморен..да утне дремка или ептен кратко да дремне и послето е хорор успивањето.. Најчесто ден два во скок знаел вака да прави, баш кога почна со војничко лазење/исправање..Џабе и бели звуци и цуцла и шшкање и нишкање и све..и нас маста ни ја вадеше..како посилно од него да е
Да пробаш ручекот порано? Па пред да заспие цице? Пример кај 1 ручекот. Јас ручек му давам после првата дремка. Околу 1 му давам да јаде. И после млеко кај 3ипол. Вечерата му ја давам тоа време баш, до 6:30 гледам да му ја дадам и после во 9 уште едно млекце за ноќното спиење.
Ама не можам, пак си спие она од 3, тука ми е зафркнато. Во 12 цица, кога станува од прва дремка, па многу брзо ми е ручекот после. Евентуално 1 и 30 па после пред спиење да цица во 3.
А си пробала без тој подој во 12? Оти јас пример на сабајале каша прво, па пред да спие млекце, откако ќе стане од прва дремка му нудам каша, и млекото дури после со втората дремка.
Не, не ми прима никаква друга течност, само цице, и не можам да скратам баш. Станува, цица па за саат и пол до два макс доручек, па спие два саати и цица, па са саат и пол ручек и пак спие два саати скоро, и пред вечерава и давав да цица тогаш па после пред спиење, сега со дремкава малку кнап.
Кога ќе ти заспие во раце на ја оставај одма на кревет почекај 15тина минути, после ако се разбуди одма давај цице и ќе си продолжи.. инаку преморена е и затоа така ти прај, а и фазата со вртење и е.. Јас еве цела година го заспивам во раце не се мачам да сменам ќе сменат самите, големиот го заспивав така легнат на кревет многу потешко се заспивавме отколку со малово сега со нишкање.
Како ви се распоредени оброците? Не знам дали планираш да оди во градинка за брзо, јас бидејќи планирав да оди гледав до максимум да е на тие термини отприлика Додека беше дома Околу 5 наутро - млеко ( ад кај мене) Околу 8 појадок Околу 11 млеко/ужина Околу 14 ручек Околу 17 млеко/ужина Околу 19:30 вечера Пред спиење пак млеко Е сега во градинка е појадок 8:30 Ручек во 11:30 Тука се смени распоредот, плус млекото со тек на време со ужини се замени ама генерално со тоа лесно поминавме.
Нема да ја пуштам во градника сега. Понатака, сега имам кој да ја чува. Иначе станува во 7-7:30 и цица, во 9-9:30 доручек, па спие орва дремка,во 12-12:30 цица, па 14 ручек, па спие втора дремка и после тоа 17:30-18 цицаше, ама сега сакам вечера, и после 8-8:30 цицање и спие. Е сега измеѓу ручек и вечера има долга дремка и некако кнап ми е за цицање, не знам сега како да вметнам цицање, многу малку временски ми доаѓа зашто спие.
Немам искуство со доење ама претпоставувам исто како со Ад и тука доењето го заменуваш со оброк, така да може тоа после дремка со ужина/вечера би се заменило.
Да со ужинка ќе заменам, само ми беше дека мал периодот измеѓу ручек дремка и вечера, како да вметнам цицање.