Добро што е ова после 5 скок, има ли некоја регресија што се случува луѓе? Не го препознавам детево. Во 23 се разбуди и уште не може да заспие, ора по креветчето, треска, ги искина оградиците, лом ги стори. Како наплив на енергија некоја демонска, на живци ми иде бес ми ствара. Сто пати пробав во раце не бива не спие никако. Очајна сум и ми се спие и нервозна сум. Од петокот навака секоја божја вечер ова го прави со саати. Во вакви моменти само викам кај родив кај се запустив.
Лази? Забите? Вие сте апла терминско бебе, не би требало никаков скок да е. Регресија во спиење тек во 8ми месец има. Иначе после 5ти скок има одмор 6 недели, и е уживанција, барем кај нас така беше. Сега сме во 6ти скок.
Смири се и размисли дека му требаш да го смириш. Инаку тоаа кутрото појма нема кај се наоѓа. 5ти скок и после 5 и кај нас беше тешко и после ова околу 10 месеци. Сосема те разбирам како ти е. Моето бебе во 5ти скок и заби избиваа и плачеше по саат време среде ноќ, си шприцав антиперспирант на косата од што ми се изгаси мозокот и не знаев кај се наоѓам. Полека ке се врати во нормала. Јас го земав во раце на сред ноќ и гушнати спиевме. Ми лежеше на гради и само така се смируваше. Жива ненаспана бев. Разбери го, мнг нови работи учи.
Е тоа, си го паметам од на времето. Со @AngelOfArh баш коментиравме тогаш колку напорни беа децава тој период.
27 недела е, терминско бебе, заби уште нема на повидок. Не плаче, само како демон да ја запоседнал се однесува. Синоќа не спои ни 5 саати сон од 20ч до сабајле. Будна беше од 23 до 1 и кусур, во 3ипол пак стана до 5, па во 7. Немам ич трпение навечер, како и да звучи ова најнемајка на годината, не-мам и нема ни да имам. Ноќно спиење ми е тригер за нервоза, за мигрена, ми доаѓа од прозор да скокнам како полудена сум и ништо не ме интересира, ни дете ни земјотрес надвор ако има. Маж ми ја заспива и ја превзема таа обврска ноќе зошто е смирен… преку ден можам планини да прескокнам ама навечер не. Просто се чудам како ќе издржам заби кога ќе вади. На моменти си мислам дека ич не сум била спремна за мајка да сум зошто навечер сум себична до даска.
Не се секирај, i feel you. Има и shallow leap, одма после 5ти, недела или две после него е. И тој е вака. Ама може не се познаваат заби ама од внатре си работат, не се чуди да станеш утре и заб да пробил. Не секогаш има на изглед нешто.
Денови такви имало и ќе има.Ехе колку пати сум кажала на глас дека не сум била родена ја за мајка да бидам,колку и глупаво и лошо да звучи,не дека деца не се благослов.Договорете се со мм чим може он навечер нека превзема,ти во овие денови не фаќај ич навечер бидејќи само нервоза ќе ти е.Ќе помине период е,па друг ќе дојде па пак ќе си го правиме муабетов.И не иди со став заби кога ќе се што ќе правиме...има гелови има гранули постојат работи,може па лесно ќе ги извади.
Јас ова скокови календари ич не сакам да гледам,мислам дека психички повеќе ми влијаеше отколку реално што е.Што ми мења мене дали е во скок или не,ако плаче ако е кенкав секако ќе се трпиме гушкаме нишкаме.Нема да ми олесни ако прочитам дека е во скок,пак морам да го поминам.Така да баталив и табели и се и само гураме ден за ден
Понекогаш исто си викам, ама па барем знам дека е во скок и не ме фаќа паника дека и е нешто. Јас вака се опуштив за дремките, за вечерното успивање и од тогаш ми е многу полесно. Па бебево да ти кажам како да ме осети и она е поопуштена.
Абе што паника ,ако нешто му е нема само да плаче,плус а ако нешто му е а си мислиш од скок е?Не бе ја со календари со чуда завршив.Гледај која недела бебуш расположен која не.Ме осеќа и он дека паника ме фаќало дали ќе е нервозен.Жими прозори на будност отприлика што читам колку да го пратам дали стварно,ама и тоа поише со негови знаци си терам.Жива се оптеретував со читање и потресување за ништо.
Иста сум, и гремлин ја викам, сега мм станува навечер и ја успива за еден сат макс е јадена, пресоблечена и заспана и он одма заспива.Сум му рекла да не си ме разбудил освен нешто ако ептен треба... зошто јас седам уште два сата будна после вас, а цел ден мене ме чека а кога сум ненаспана сум нервозна и несакам да истурам нервоза на неа... Еве денеска сум сама, он ќе иде кај мајками да работи до касно.. стана наспана, јадена и одма устата отворена да плаче и му викам на мм он пред врата за накај работа. Јас ќе си приумрам, ме исцрпува максимално, сака во рака, немам кичма ме боли, и појас и све. Можам 10 мин да ја носам ама она сака цел ден. Во количка несака. Незнам викам што дете ми се погоди... хаха еден пријател наш викаше најлошто нас ни се падна, сега и јас така мајками да ме слушне ќе ме мавне со нешто вчера ми вика што не си родила на 20 па да имаш живци хаха. Незнам дали е до тоа.
Јас веќе не гледам ни скокови ни регресии ни чуда искрено. Се помирив дека цело време ќе менува и тоа е, некогаш знам да искризирам ама после ми е жал и знам дека само мене ме бара и тоа е, се помирувам. Ако не е скок ќе се заби, ако не е тоа ќе е регресија, ќе учи да лази и слично, па нема да успее да излезе од регресија како мојава.. коњски нерви ти требаат, замисли ме мене 4 месеци на секој саат ми станува и речи си има и полошо можно е да се запчиња кај тебе.. ние уште немаме, ноќеска стануваше со вриштење и еве сабајле ја гледам како пукнато непцето кај едниот кец, како црна линија. Пробај стави и гелче некое, јас имам на фрезидерм и осанит ама некако повеќе и делува фрезидерм.. Издржи мајка
Синоќа во кризата на тебе помислив, жими се. Викам вака му било на девојчево со месеци, стварно јака и душа. Кризирам многу и криво ми е, па си плачам преку ден и ја гушкам и ја бакнувам и вечерта пак истото и така во круг. Крај нема. Тука ќе изнапишам како сум најлоша мајка и преку глава ми доаѓа и малку така ко да ми олеснува. Инаку не можам да проценам дали учи да лази и можда тоа ја мачи навечер, преку ден многу често се исправа како мачка на сите четири и се клати напред назад како склекови да прави, исто се става на страна на колк со една рака, ротира 360 на подлога за да дофати играчка. Дека не гледам ич видеа за развој и моторика, не знам што е знак за лазење. Ова ли е?
И да дополнам пред две вечери имав нервен слом зашто ја успивав саат ипол, ја успав излегов од спална и плачев два саати. Им се жалев на мајка ми и и татко ми беа дојдени тука во викендицава (овде сум еден месец веќе со баба ми-77 и дедо ми-87, замисли колку можат да ми помогнат со бебето, повеќе јас нив ги чувам..) се дерев си плачев ми помина ме ислушаа моите и си легнав. И тука сум само ради неа, има двор има занимација, колку и да ми е тешко без никаква помош скроз сама пак ради неа седам. Плачам, претешко ми е ама седам. Ај најди нзс.. @baguf4e