Да, се спрема да лази. И сака да седне. Кога ќе седне ќе почне да се исправа, мојава вчера на гарнитура се фати за тоа кај што се потпираме и се исправи на нозе скроз. И тоа плус ја мачи навечер процесира, само сака да се пентари
Не знам колкаво ти е бебето ама зашто седиш ако не можеш?Ако е големо трча ок ај ама мало апсолутно не му е битно.Јас толку немав услови да искочам што од тераса гледавме дрва или па на телевизор дрва пуштав.А што да беше зимо што ќе правеше?Чувај со психа прво,ако тебе ти е тешко како ќе имаш сила за бебето?
Те помислувам да ти кажам знам дека е период ама многу е тешко психички и добро издржуваш. Си зборам сама на себе преку ден, мене ме исцрпува нејзиното плачење мислам ми лачи кортизол, алергична сум. Викам период е, сакам да е весела да поиграм со неа. Не само јадење и плачки. чекам бољи дани. Мислам бара храна почесто, дехидрира во солзи мојава хаха да надокнади.
Од Германија ми донесоа ама искрено не делува кај мене. Многу поводлест е од фрезидерм и поблаг. Јас кога ке го лижнам прстот после фрезидерм мене ми го умртвува јазикот хаха а оса гелот ми е многу благ, само камилица осеќам. Гранули осанит ставам по 3 пред спиење исто како да нема ефект..
Наоѓам сила, дремнувам со неа преку ден и порано си легнувам навечер. И во Скопје ќе ми е исто а во 40 квадрати немам што да и правам на жештиниве, досадно и е иако не оди и не трча. Овде имам ако ништо друго занимација преку ден, гледа мачиња кучиња пеперутки гуштери мравки на бавча ја носам ливчиња разгледува хахаха наоѓам секој ден нешто различно.
Епа кога ти е тешко пак прочитај што ми пиша,сама си кажуваш колку полесно е ,колку убаво ти влијае не само нејзе туку и тебе на психа,душа ти се полни кога знаеш дека и бил исполнет денот.А и побрзо поминува времето кога имаш како да го потрошиш,а не у дневна ко мене
Еве ме и мене ве читам додека лежам гола на тросед с она спие до мене со рака на цице. За сабајлево дс ви раскажам ние навечер спиеме ок засега фативме некој ред во 9 и 15 негде почнувам со успивање на спална со цицање и заспани сме негде 9ипол најдоцна 10. Преку ноќ станува 3 пати последниве ноќи 2пати за цицање и си тера до 6 некогаш успевам да ја презаспијам сабајле и тера до 8 за ноќите не се жалам само да е повиена за да не се плаши од моро рефлексот или па гушнатс до мене едното раче по града за да не прета во сон. Него мене ми е мистерија зошто после спиење и јадење пак наутро е нерасположена и кенкава скоро секој втор ден. Денес во 8:45 излеговме до порта влае свртевме кругче седнавме на сокче си седеше мирничка додуше во раце додека пиев сок али нема везе и викам ај до маркет набрзина да земам овошје… кога рикна луѓе ни цуцла ни гушкање … ни во раце без глас остана до дома. Фрлив се од мене легнав гола и на цице се смири и заспа како заклана ете тоа моево дете од заспана убавица до наљутена тетка без причина во 3ипол секунди се претвара
Скроз те разбирам за ова..Јас ја носам на море во камп колку што можам повеќе. Таму ме фаќаат на моменти кризи, кога вришти во камп да не им смета на другите, кога сака да ја шетам на плажа како да го правам тоа кога сонцето ќе ме изгори и мене, а не па неа, навечер знае да е топло во приколка за заспивање па надвор ја заспивам што е скроз надвор од нејзината рутина... Ама пак ја носам и ќе ја носам. Ужива да се бања, се радува ги гледа децата како се бањаат и играат, воздухот прекрасен - од една страна море од друга планина, цел ден е надвор на воздух... Мислам дека секој што има услови да бега од Скопје - треба
Нас ни е рано за месо, но баш комуницирам со мајка што многу ми ја пофали кашичката. Многу убава била и бебуш нејзин многу ја сакал. Здравје кога ќе ни дојде време и нас , ќе ја пробаме.
Се спремаме и ние за лазење. Истово го прави, плус се бутка назад со рачињата. Детево на назад ќе ми лази изгледа Синоќа заспа во 8 и 30, во 11 и 30 се разбуди спремен за игра јас капната за спиење. Дури и во спиење се подига на ножињата, се врти горе доле. Од гарнитура сам се врти и се пушта доле на нозе, најсреќен е кога го држам така.
Јас вадев по неколку лажички од ова и мешав со зеленчук кога воведувавме вкусови. Претежок мирис ми имаше само така. Пилешко мислам со тиква имаше, таа ја сакаше повеќе.
Знаеш дека имаме многу пати муабет правено. Ништо не те праве најнемајка, едноставно некои мајки немаат многу трпение, некои имаат. Ама тешко дека ќе имаш трпение ако дете често се буди навечер. Од камен да си ќе пукниш. Еве да те утешам. 2 месеци не сум сврзена навечер повеќе од 2ч сон. Последната недела често ми станува и со хистерично плачење. Според апликација за неколку дена ни почнува 5ти скок, па не знам до што е. А може и да се заби. Во 4ти скок нонстоп стануваше, на секој 1.5ч. Сега па не станува да ококори очи, ама па плачи. Насабајле сите ми се криви, бела мечка пред очи не гледам. Ама наоѓам начин да ја контролирам нервозата навечер дека се помирив со тоа дека е бебе и допрва ќе менува. Ќе менува и кај тебе. Знам дека ти спиеше бебо по цела вечер и знам колку е убаво тоа, еве јас тоа ниеднаш го немам осетено. Има и бетер да знаеш. Елај да те гушнам. Период е и ќе помине. Spirit animal си ми , да знаеш.
Види Има на инста една девојка Фарма Цетирче/ Сања Димковска има домашни пилиња, јајца, има достава ❤️
Spirit animal хахахахах дека правам еден искрен rant over тука по темиве па после на смеа ја вртам и така. Не, знам дека сум скроз нетачна што некогаш ми се иде од прозор да ја џитнам за да продолжам да спијам, ама тоа е, ноќно спиење ми е светост и засекогаш ќе ми остане мислам. Не знам кај ми беше паметот кога пекав на сите за дете, што мислев ќе спиеме ли како ангелчиња? Не, реално, пред да родам не го размислував ич делот со спиење, не знам зошто. Синоќа почнав да викам на мм гуглај егзорцист некој во детево демон има влезено да го извадат да спијам на раат. Сабајле до првото кафе не ми се збореше, дури и нејзе и мењав пелена налутена. После па песни пеевме пиличи миличи и така помина. Тоа е кога ќе се навикнеш на дете што спие и после ако не спие неколку дена ти се пореметува нервниот систем. Башка што јас сум рутински човек и еден огромен контрол фрик, а тоа е болест луѓе. Не сакате да ја имате. Јас со години на психолог одам, уште чаре не сум нашла за ова. Сето тоа во комбинација со бебе што менува е многу тешко сварливо, само тој што бил во таква позиција може да сфати. И така. Гушка
Како некој што до пред 5 ипол месеци спиеше по 10-12 саати (да спиев, тоа е ) ме полудува се што е поврзано со спиењето. Првите недели спиеше повеќе, после едно време смени стануваше почесто, е од 4 скок навака, ќе заспие во 8-9, и таман јас дури вво 12 кога ќе си легнам (бог знае зошто тогаш - да не ми избега епизодата да ја изгледам со маж ми), она почнува во 1, 3, 5, и од 5 спиеме заедно, јас со цицката надвор а она си цуцка како ќе и текне до 8 (буквално затоа што не можам да издржам да останам будна и да и правам на ти дај ми ), а во тој период од 5 до 8 не сака ни цуцла ни нишкање ништо, само цице. Мене повеќе нерва ме фаќа денски кога не сака да заспие, а и се спие и се плаче. Зошто јас да сум бебе одма ќе си легнам, и се нервирам зошто не разбира дека и се спие, и се карам со неа хахахахахах Мене дека внуците ми се пораснати, и кога спијат со мене си легнуваат во 9 и стануваат во 8 сабајле си викав Што убавоооооооо, ќе си легне во 9, таман сериичка со мм, ќе си легнеме во 12 и до 8 кома. Заборавив дека ова е бебе, не 3 годишно дете