Ако ми веруваш, исто. На работа кога одев мене 22ч ми беше најкасно време за спиење, подолго сум останувала ако имам нешто планирано за град или некој евент. Во нормални услови функционирам со минимум 8 часа ноќен сон. Мислам дека ова ми е тригер од времето во помлади години кога работев во трета смена и од тогаш ми се разви мигрена, многу бев слаба и не се хранев добро, па правев снимања, па имав некој оток на мозокот и сл. глупости. Од кога дадов отказ и си воспоставив ред на ноќно спиење, се препородив. Дека ќе помине и ова дур трепнам тоа ми е јасно, дека поголеми проблеми од ова ќе има и тоа ми е јасно. Само во тој момент кога ми се спие мозокот трезвено не ми размислува и ме фаќа сафра. Утредента ми проаѓа.
Скроз те разбирам. Пред да почне да ми се буди на 2 саати, кога ретко ќе се разбудеше пред 5 сабајле (во 5 знаев дека ќе де разбуди таков и беше ритамот) полудував. 10 мин имав живци да пробам да ја заспијам, ме фаќаше нервоза, и одма на мм ја давав. Сега чекам да наполни 6, да се вратиме од одмори да има некоја рутина, и првото што ќе го правам е ќе ја учам да ја преспива ноќта. Е како ќе го издржам тоа, зошто треба да ја нишкам на секое, а многу е полесно да ја легнам до мене и да и извадам цицка не знам Најверојатно мм ќе го јаде хаххаа ама решена сум дека ќе ја научам да ја преспива ноќта, барем пак до 5-6 сабајле за да сврзувам непрекинат сон
Ама ти имаш проблем, инаш чувство дека правиш нешто за неа а ти е тешко. Направи со нешто да си олесниш. @baguf4e ке ја тагнам исто. Нема нај мајка и не мајка. Кој тоа мисли дека мајка за се има трпение и внимание. Луѓе сме. Ми идеше да го фрлам од прозор во неделата. Два пати го заспивам, плаче се дере, да не легне на раката, на крај го успав на раме. Ама рамењата - Рамбо! Сто пати се буди ноќе, де покрај мене, де го нушкам, де татко му го рита. 11ипол месеци сум ненаспана. Ама си го сакам најмногу на свет. Сакам да го изедам колку го сакам. Па како се смее на глас, абе животот ми го продолжува. И тоа е нормално. Еден др ми кажа, дете чување е најтешкото нешто, не е лесно.
God bless our husbands. Мојот има нерви од челик. Некогаш се плашам да не му избие негде стресот за двајцата што го носи.
Ист е мојот. и ќе ми каже: Ама злато, она е бебе. Да знам дека е бебе, али преморот во глава ми збори друго хахаха
Мојот не до толку, ама битно знае да се исконтролира да ги има јас кога ги неам. А му се има десено 2 пати да ми ја даде за заспивање кога му вриштела по пола саат
Не се секирај, после некој месец нема да се сеќаваш на тој период, мене ми е ко низ магла, освен јадење и плачење ништо друго не памтам, во ретките моменти кога бев сама со нив и двете ќе рикнеа да плачат ме фаќаа напади на паника. Значи плачеа нон стоп, земи едно во раце другото гледај го како плаче, па смени ги, па остај ги, тропкај нешто, пеј им збори им не бре, не престануваа. Па фен уклучи, греј тетри, ставај на меше, и така секој ден од утро до вечер. Навечер по 100 пати будење, цицање, па ад па успивање па молзење. Таман ќе заспијам, пак ќе се разбудат. Кога поминаа грчевите веќе беше полесно, ќе им зборев, пеев, пуштав музика ќе се смиреа, па после почнаа да фаќаат играчки, да пикаат у уста, е тогаш можев да ги оставам на под и да испијам пиво на раат. Од денешна перспектива не знам како сум останала нормална. Држи се, доаѓаат подобри времиња, ако ништо друго барем ќе почне да прави нешто друго освен плачење па ќе се радуваш на тоа. Други работи стануваат потешки кога ќе пораснат, ама ај да не те јадосувам
Земав, кажи ми цело го ставаш? Зошто на етикетата вика пола кашичка да се измеша со зеленчук. А не е цела каша пилешко, 40 проценти е, другото е вода.
Не, по пола два дена, дека ставам и батат или компир и сепак ја држи. Повеќе на зеленчук, а телешко си ставам стандард 30гр. Мора со вода, иначе нема шанси да се избленда, ко телешкото со бујон што го блендаш.
Мајки, малава е 8 месеци. На АД сме и плус доење. Навечер кога сврзува убав сон и не се буди, мене премногу ми тече млекото, буквално се на мене и околу мене е со млеко, не можам да се свртам од што ме болат градите, и пак сум без спиење. И кога ја дојам од другата града тече млеко кога има отпуст. Дали е нормално после толку период ова да се случува?
Моите се 14 месеци уште малку, ги дојам уште, ноќно време кога не се будат исто тврди гради, исто кога од една цица,тече од другата,па често знам и на другото да му дадам да си цицне во исто време да не тече за џабе Така да,нормално си е мајка.
Мајки ако даваме жолчка денес не можеме да даваме месо после нели? Како беше точно правилото за да распоредам месо жолчка и риба во неделата?
И кај мене тече од другата додека дојам и навечер обавезно маичката/пижамата ми е мокра … размислувам да нарачам од бубамарите на хака или школка има некој искуство со нив? Гледам школката има и поголем вакум со стимулација како мини пумпа
Јас ги користам школките и сум задоволна, ставам само навечер кога дојам од едната да не ми истекува од другата
Ми е страв само да не стимулира повеќе млеко па да направам беља пошто читам дека е со вакум вентилче школката, имаш приметено пред користењето и сега како си со млеко?
Па не мора да ја стиснеш за да направи вакум, јас ја стиснувам дека сум таман со млеко и тоа малце што ќе го собере (околу 30мл) и го давам сабајле пред цицање со витамини и пробиотик внатре