Баш ќе нарачам денес, јас сакам да го собирам во фрижидер и кога ќе дојдам до 60-70мл да го замрзнувам за кога искачам да имам да оставам да не се молзам да губам време… вака ми изгледа дека џабе тече по мене место да го зачувам
Жени како да не доживеам нервен слом, значи не можам веќе. Цел саат се молиме да изеде неколку лажички. Порано барем си ги јадеше јадењата. Изигравам мајмун три пати на ден за да изеде нешто. Ниту цица асално преку ден, а навечер па ми е залепена за цицка. Вчера сто пати стана и ми се лепи на цицка, жива вода и двете стануваме. Ќе полудам веќе, немам сила о енергија да ја молам. Витамините со сила уста и отворам за да ги голтне. Денес за прв пат урлав и се дерев по дома ко ненормална, зошто полудувам. Со првото исто беше вака, па пуштав цртани и го лажев до поголем. Се тешев ова барем јаде, сега и она нервите ми ги кине. Овој мажов па и тој туку мрчи дека очигледно нешто не правам како што треба штом не сака и се буни. Дај кажете дали е некоја фаза, што да правам. Каде грешам. Гледам горе полека и избиваат горните кецови. Се дивам на деца кои сами си јадат. Ако продолжи вака, ментално ќе скренам, а немам време сега и психолози да посетувам Ќе смени ли со јадењево или да си набавам седативи?
Така правев дур имав поише млеко и плус и денски ставав школка да дособере. Си замрзнав неколку кесички
Been there. Денес исто не отвори уста за да јади, и едвај 100мл млеко. Многу веројатно дека и е од забите, оти и мојот кога ги вадеше горните скроз ист беше. Еве сега, 4 горе извади наеднаш, па е малку посмирен. Си пробала да и ги мачкаш непцата со нешто? Период е да знаеш, и ќе помине. Нормално е да имаш и mental breakdown. Сите сме имале, ама диши длабоко, остави ја на маж ти и посвети си малку време за себе
Здраво женски. Малиот ми е 9 и пол месеци вчера околу 17 часпт наеднаш поврати и крена температура.После од следното млеко пак поврати па бевме на болница ни дадоја чепчиња против повраќање и чепчиња за температура и ми рекоја денес млеко да не му давам па ме интересира дали имате искуство слично? Како ќе издржи без млеко се плашам не повраќа ама е ќемкав...му дадов малку компирче варено не знам што да му давам друго...
Со гингигел и ги мачкам. Ама не дава и тоа со сила, па дали два пати на ден успевам да и ставам. А мислам дека и делува, посмирена е некако после. Али јадењето исто.
Здраво мајки, 7месеци сме и треба да почнеме со воведување месо варено, по колку грами треба да се дадат?
Осанит гранули да и даваш ако имаш кој да ти донесе од Германија. Јас со тоа раат видов. А исто имам забележано дека секогаш кога вади заби не сака да јаде, и тоа е, се помирив дека е период.
А како се помирувате, пробувате неколку пати одбива и толку па нудите млеко или оставате па пак нудите да речеме после пола саат? Или си чекате ручек или вечера и тоа е тоа? Не знам како да се однесувам искрено. Немам нерви како што имав порано, ме сум толку млада веќе и осеќам дека се губам
Еве сабајлево, доручекот - му давам, едвај 2 лажички изеде и ја врти главата. Го нудам пак, не сака. Оставив, и понудив пак по 30тина мин.пак не сакаше. И толку. После дури млекото по 2 сати
Ние уште заспиваме со White noise, еве 10м. Кога е време да се одвикне, и како би се одвивал тој процес? Јас преку ноќ го намалувам шумот, ама ако го прекинам скроз, веднаш мрда, се буди.
Кај мене заради ретардирани комшии што немаат осет, од 8 до 2 навечер свири и се гаси, иначе ќе ми ја разбудат, зашто стварно не разбирам што прават.
Бебево има секрет во носот, и го слушам, нит и тече нос, нит па кашла нит температура ништо. Весела си игра. И пишувам на матичнава, нит ја прегледа нит не викна за да ја прегледа, одма маст хлорамфеникол да и мачкам.. антибиотик, не ми е јасно зашто? Некако не ми се мачка, зашто не ни знае дали е нешто за таква потреба, на која основа.. а ми е страв дека на 4ри месеци наод на плуќа имаше и сега не знам што да правам, плус да прскам капки, малку војна ама и прскам. Не знам што да правам.
Да не е од климата? И кај нас така и беше па го пуштав навлажнувачот на воздух и прскав Aqua Maris аптекарката ни кажа дека и превентивно за чистење на каналите може да се користат не мора да е болно бебето и се прекина за 2,3 дена
Поим немам и заби ни никнуваат, може и од клима, ама како без клима, моево дете мрази топло, не сака да ја облечам нит да ја покријам. Од кога затопли ние сме по боди и никако покривање. Прскам синомарин бејби, од вчера е вака. Пред 10 дена имаше контакт со бебе вирус што има, после дознаа дека има, ама за 10 дена си викам ќе покажеше симптом.
Нема шанси без клима, да, ама и го суши воздухот и затоа и носето и се суши, исто и на мене знае така да ми се случи. Што викаш и заби може да се.