Мојот лази од 5++ месеци, сега е 10, а од кај 8++ почна да го прави истово, дури и кога ке се подразбуди како што кажа додо, одма шпринт фаќа.
Мајки ве молам за совет. Да ви кажам На Ад сме од сам старт (дека бебињата што доеле заспивале на града),сега имаме 10м и спиеме со нишање. Како да ја одвикнам од нишањепробувам но без успех. Сакам да почне сама да заспива или рано е ? До 8м заспиваше со нишање на релаксатор, а сега на чаршаф (верувајте сама кога сум дома плачам тешка е 9кг)
Ќе мораш да најдеш некој начин што не бара да е во раце или што тебе физички не те оптеретува. Инаку ќе си направиш проблем ако се оптоваруваш, ова од искуство ти кажувам зошто јас си направив калцификат во рамото од што ја држев ќерка ми. Од воспалението...сега цел живот еве си го носам и трпам болки. Воопшто не е доцна да се смени навиката, дури може и таман е, ама ќе мораш да издржиш некој период од недела - две додека престане да се противи и додека да се навикне на новиот ред. Зависи од детето какво е, моите двете беа многу различни. Ќерка ми е постара и таа беше ужас, цело време бараше да цица во текот на ноќта. Урлање ако не добие. Плус ако се обидував да ја спуштам во нејзиниот кревет осеќаше и пак плачеше додека не добие да цица. Кошмар ..Периодот од 8-9 месеци до 1 година спиеше до мене зошто ми беше претешка да ја држам, без разлика што седев и доев, дури и на стомакот ми тежеше, да ја префрлам без да ја расонам беше невозможно зошто ми стежна. И после годинката негде ја одбив од доење. Буквално ми пукна филмот. Доењето и беше само за мојата близина, не и беше за храна зошто јадеше веќе се. А јас не спиев цели ноќи зошто цело време бараше да цица. Менувањето рутина со неа беше вонредна ситуација, за разлика од со син ми. Две недели беше урнебес дома. Само пиштеше дур не премале. Ја возевме во кола да заспие кога ќе немаше да се смири подолго и ќе бевме папсани.. Не фати никогаш ни цуцла, ни шише и немавме никаква замена за цицањето. После две недели престанаа драмите, се навикна и спиеше во свое креветче цела ноќ. Само еднаш вода ќе побараше на среде ноќ. Пошто шишенце не користеше од детска чашка со усте ќе се напиеше, поспана седната на креветче ама со мижење и ќе продолжеше да спие. Раат бев после.
Eve nie sme 8mec sve so nisanje sme preku den nema sansi da zaspie bez nisanje i celo vreme dodeka spie go nisam ama toa e preku den a za navacer legnuva vo 22h dodeka go zaspivam i posle si spie bez nisanje i jas baram nacin da go odviknam od nisanje ama tesko mi odi
За ден полниме 8 месеци,дали има периодов некој скок,зошто неиздржливи се навечер на секој саат ми се будат со плачење незнам што им е.Ќе им дадам млеко ќе го испијат некогаш и на 2 саати пијат преку ноќ.За јадење периодов ми се како кога некогаш ке изедат убаво некогаш не,ги носев на контрола матичната ми вика нормално за периодов да прават така со храна и од жешкото не им се јадело некогаш.Јас мислев како растат ке сврзуваат цела ноќ со спиење ова бетер стана
И мојот преферира во раце. Исто 10м е, 10кг. Рацете ми се распаднаа. Има периоди кога знае сам да заспие со шишето, ама кога влези во некој скок, никако не заспива освен во раце
Во креветче, на спална, на под, секаде и секогаш пред заспивање не знам по колку пати се врти горе долу. Се врти во круг, дига газе, па ќе ги свитка коленцата, па ќе се подигне на нозе и раце како за склекови. Почнува да се пушта напред, ама уште не почнал асално да лази. А го приметувам кога ќе се подигне така, едното коленце го витка и се потпира на него, па претпоставувам ќе почне да седнува од лежечка положба. Само чекам кога ќе удри муце од под
Очајна сум веќе. Немам ни желба да зготвам нешто. Џабе е сѐ. Сабајле ајде сварив просо и банана. Една лажичка само изеде од тоа, и неколку грчки јогурт толку. После цицаше во 12. За ручек ајде сварив говедско со тиквички, компир, брокула. Исто се треска од земја штом ја седнам на хранилка, зошто знае ќе треба да јаде. Една, две лажички касна со сила. Дадов да цица после исто малку повлече и се тргна. Еве ја спие сега. Како да не се нервирам не знам, ако тера вака кај ќе ми биде крајот. Сега па и почнува плус некој скок. Се сеќирам да не ми стагнира во килажа, ништо да не се сака не знам Дали е можно да е само до забите? Како до скоро се си јадеше. Едит правев крвна слика денес. Хемоглобинот на граница долна 10.1 неа и е 10.2 И сега како да терам вака?
Ние почнавме да лазиме На точно 7 месеци, е тек сеа шланг ќе се напраам, ова мое дете не запирааа. Кога ќе прооди тек тогаш ќе се слабее дополнително хахаха. Запчето грепка ама никако да се појави, и тоа го чекаме
Ајде честита ќе ја наоѓаш сега сегде кај што не треба. И ние сме на пат да ве стигнеме, ептен е упорна и темпераментна мојава да научи, цел ден само тоа пробува да направи па мислам кај и да е ќе се пушти и она. Кога ги родивме кога до лазење стигнаа.
Ќе биде за брзо, ќе светне белко. Коа ќе ми текне тестови позитивни коа ставивме, лета време. Иначе моето дефинитивно нема да лази, на мама ќе биде изгледа, директ на одење. Јас не сум лазела ама на 9 месеци сум проодела. Моево дете ако не ја ставам да седи, не се трпи. Значи се фрла ласта по играчки, се врти ко вртимушка, ама јок, не сака да лежи ни на грб ни на меше.
Ти прва ми пиша на позитивниот тест кога го ставив испаничена, така те памтам. Твојава кралица, мислам зашто да се мачи да лази и на стомак кога може да си седи како госпожа.