Син ми почна да лазе на 11 ипол, војнички, на меше се влече, не знае инаку. За 1 недела е 13, одамна си седнува од лазење или седнат ќе се пуште. Гледам сака да се подигне и потпре на кревет или маса, ама малку потешко му е. Со мене за рачиња и одеме низ соби, интересно му е.
Колку месеци сте? Моево исто нејќе на меше или да се превртува од меше на грб и обратно ама па седи и си игра. Пробува да се помрдне по играчка односно да лази ама сеуште не може
Со оглед на тоа во колку саат пишувам што се случува во шестиов месец? Неколку дена по ред заспива по распоред ама кога ќе стане за прво цицање, ќе цицне заспие и а го вратам во креветче или до мене да го легнам вриштење е Нејќе во мм, само во мене 9кг е скоро, кажете дека брзо ќе помине
Јас и ти како исти деца да имаме Баш си мислев како ке почни мојата да лази кога ќе ја ставам на стомак си се превртува на грб и пробува да седне ама уште не може сама да стане во седечка положба па вреска да ја седнам да си игра .. и пелена не можам да и сменам
Бебка е 9 +++. Покажува интерес сама да јаде (лебче, смоки, шмукалче). Сакам да почнам да и давам сама да јаде со парченца. Може совет како давате ? Пример, денес има телешко, батат, морков, кромид. Како секоја намирница да и ја понудам да ја јаде? Се нервира веќе кога ја ранам.
Бебево вчера и денес кака по 5 пати, не се десило никогаш тоа. Си какала макс три пати. Во неколку каки приметив ко секрет проџирен, последнава цела беше така, проџирна. Ниедна кака не и е течна, сите и се густи. Има секрет во носот и прскаме солен раствор, правени брисеви чисти се, на лекар прегледана се е супер. Не мачат заби, може да е до тоа? Дека ништо немам сменето во исхраната..
Zdravo majki,dali nekoja majka bilo vo Crna Gora so bebe od 1godina i kako pominala nas ni go preporacaa Jadranot poradi bronhitot pa nekako mi e daleku Crna Gora mi e strav za bebeto da ne ke mu smeta klimata bidejki postojano sme po doktori od malku nastinuva
Го легнав во креветче од 9. Еве еден сат, пее, брмчи, лупа со нозете. Седна во креветче и си се смее. Почна да ика од смеење. Јас му велам ајде нани, тоа се смее лелеее А мене ми се плачи за спиење
Ние сме 8+ седи по 30-40 минути си игра се и после наеднаш се заборава и си легнува наназад.. и некако не ми е сигурна дека седи стабилно. Дека ја оставам на подлога да седи, ќе ми тресне на глава.
Мојава со вака неколку пати какање на ден, одма знам дека вади заб. Прееска незнам ни јас како успеав да пикнам прст да проверам, кога оп 4 ка доле десно. После успеав да видам и дека набабрена е на долна вилица цела, ама толку успеав.
Не знам кој заб веќе. Доле има два, едниот е полу другиот пола од тој, горе потечени ама не се пред вадење… не знам што и е. И педијатаров за секретов во нос рече забите се изгледа…
Ќе си почне да седи убаво. Оставај да учи како да паѓа. Мојава мрза невидена беше, сега и нанапред да падне ( освен ако не се лупне де), знае убаво да си стане. Се завртува на грб и си станува. И јас бев дека ќе паѓа на глава наназад, ама ја оставив сама да се учи. Нормално гледав да е на подлога, дека нели е помека.
Да ја оставам да падне на подлогата назачки? Малку страв ми е дека ќе ја тресне главата. Твојата ко мојата така малку lazy girl. Кога пролазе? Исто мрази да седи на меше ко твојата.
Јас на почетокот ставав перници околу него, знаеше да се занесе после некое време и да падне. После тоа ги тргнав, веќе е стабилен. Е вчера како тресна на паркет, ама потпрен на креветот, за секунда не го видов.
Горе кецовите кога ги вадеше ми се будеше со плачење на саат време и носот течеше. Уствари и за тие доле со носот чешма беше.