И јас ставам перници. Моментот ми е дека не знам кога да сум сигурна, дека стварно седи ќе ја заборавиш и наеднаш ја гледам се напрчила наназад Јас доле не ги осетив, овие горе изгледа здравје ќе ми земат.
Ама, зошто мрза? Не се секирај, ќе си дојде се со време. Еве моето во 8 скок, навечер се буде и на кревет сака да се исправа и да стое потпрен. Има такви деца, и во Систина моето го кажаа мрзливо малце. Додека почнавме на меше, 3 месеци минаа. Некој порано, некој подоцна. Еве и на 11 проодуваат, јас на 9 сум проодела, мојот е 13 за 5 дена. Ќе биде се, не се грижи.
Пролазе сега брзо. Па дали има две недели. 10 ипол месеци е скоро. За овие две недели и почна сама да се исправа фатена за нешто. Ја гледам од вчера почна и да се движи по гарнитура и во креветче кога е. Од мрза невидена, не застанува сега. Секој ден, обавезно и мора да чукне главата. Ама веќе нормално ми стана. Кога паѓа не ја подига главата? Мојава падна еднаш така и тоа со мм беа, па он паника да не имала потрес на мозок Сега ако паѓа е директ на газ и одма си станува и продолжува. А ако паѓа наназад, си држи главата дигната.
Ама не ми е мене за проодување или лазење. Не сака никако на меше се сум пробала, плаче со зајдување, ни на грб не сака. И спие на страна, зашто не сака на грб, сега нешто на меше сака да спие ќе си пукам во колено. Сака да седи, урла додека не ја седнам…
Поим немам, не сум заприметила. Баш ќе видам утре. Дека таман мислам седи и дур трепнам она се напрчила. А во количка се тегне за тоа рачката сака да стане, се тегне напред ќе излезе од нејзе
Мојот паѓа наназад, и ја крева главата за да стане, АМА рацете не знае да ги користи. Со едната ќе се потпри на лактот а другата му виси и се нервира и пак паѓа Не знам веќе како да му помогнам
Не најдов таква тема, да прашам овде, сигурно имате некое инфо. Во врска со пасош за бебе, аплицирав онлајн на страната на мвр, пред 10 дена. Ми стигна порака дека е успешно и да чекам повик од оператор. 10 дена чекам, прц. Ништо. Има некој друг начин да се закажи? Телефонски број не видов никаде
Добро што скок е бе ова… ко пијавица е до мене… вчера не сакаше ни да се бања а обожава… се молиме за јадење, таман ми паднаа белите влакна од што се митарам ко куче, нови ќе ми никнат сега. Само кенка, се е нервозна, заби ја мачат, кака 8 пати дневно. Веќе сум загрижена. Синоќа ни се искака во 3 и пол, се нема десено ни ко новороденче, не знам што и е, нема пролив.
И мојава кака многу последниве денови, можно е да е од забите? Исто не е течно ама по 3, 4 пати на ден кака, еве и ноќеска се имаше искакано исто..
Фала ти Ми даваше опција само онлајн да закажам, не знам оти. Утре ќе ѕвонам. Дури сме на темава, кои документи треба? Извод од бебе и лични карти?
Јас FrezyDerm. Имавме неколку епизоди со вриштење, заби уште нема. Мачкам од ова и се смирува за минута две.
Не знам веќе што е, скок ли е заби ли се. Значи кенка на секое, ко да се жали нешто. Кака 8 пати дневно, не се десило никогаш тоа. Цело време е како топла, мерам нема температура.. не знам што и е. Ко жалче некое е.