Забите се, ептен се мачни. Поготово горните. Мислам долни извадите? Горните се многу потешки. Моето кенкаше цело време, и во спиење плачеше, навечер плачеше, едвај го смирував. Наеднаш извади 4 горе. Среќа само што не креваат температура
Не знам воопшто не ми изгледаат ко за пред искачање.. цело време кенка, еве се молиме за јадење… со песнички одвај пола каша… купив на фрезидерм, ќе и намачкам малку да помине време од јадењево.
Носи ја на преглед од толку какање можи да ти дехидрира, па и шо одбива јадење, и ти кенка личи на стомачен вирус.
Нема пролив, каката е нормална. Цицка не одбива, температура нема, весела, среќна. Еве намачкав од Фрезидерм.
На малата и' загнои ноктот...досега ги турпирав со електрична турпија и сега шо лошо ме натера, прв пат во 7,5 месеци да и' сечам со мало ноктарче ќе си умрам од мака И то денес во неколку сати се случи. Дезинфицирав само. Имам белогент, немам чист антибиотик, така да, не би мачкала. Недела е, не можиме на педијатар. Не знам дали до утре можи да чекаме, страв ми е да не се искомплицира. Имате искуства?
Јас, само не беше до овој степен, ама хидроциклин намачкај. Ќе и пројде одма. Лошо е исечен, во месо и расте.
Кај спомнав температура, кај се запустив. Од 2 наваму, 2 пати ми крева температура. Прво во 2ипол, имаше 38,7. Му дадов ефералган, му спадна и си преспа. Сега пред пола сат пак ми крена, точно по 4 сати. Освен сируп, што можам друго? Облоги со алкохол?
Мајќи обичните овесни снегулки од кам најевтините како ги смремате? Сеуште немам дадено незнам како да спремам. Ве молам совет.
Ве штипат ли бебињата додека цицаат? Лом ме прави, по раце по цицки, по нос, ама јак стисок има модрици сум цела. Клоците ми ги дава гратис
Мојава оваа недела почна да аздисува… прета со нозе не можам да ја наместам за цицање и ме штипе по цице плус само трља очи ми е страв да не се испоизгребе по лице цело време се драпа
Градите ми се цели црвенила од тоа, а клоците кога сме во лежечка положба ОБАВЕЗНО се по раната, нема промашај не дека ме боли, ама непријатно ми е
Ме корне. едно нокте сум заборавила, абе до срце ми го збрца мислам. Од кај толку сила во толкацки прсти не знам.
Мојава не цица, ама брадавиците кога ќе ми ги фати, ми ги корне. Омилено и е по цицки да штипе и брадавици да фаќа.